• Latest

Награди за истражувачко новинарство

May 26, 2017
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Награди за истражувачко новинарство

May 26, 2017 13:10
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Делегацијата на Европската унија во Македонија ги додели наградите за истражувачко новинарство за 2016 година. Жирито предводено од Марина Тунева, наградата за најдобра истражувачка сторија за 2016 година му ја додели на новинарот Александар Димитриевски за сторијата „Субвенции за растително и сточарско производство“, објавена на истражувачката мрежа „Призма“. Второто место му припадна на Зоран Јовановски за сторијата „Пеплишта на смртта“, објавена во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М.

Наградата за најдобра сторија на млад новинар, делегацијата на ЕУ ѝ ја додели на Славица Филиповска за темата „Бугарски пасоши за ‘чиста’ Македонија“, објавена во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М.

„Чест ми е што го добивам ова признание. Работам како новинар три ипол години, но имав среќа тоа да биде во два слободни медиума. Сторијата за бугарските пасоши ме исполни професионално, како новинар, заради начинот на кој ја изработивме со тимот, но и заради одѕивот во јавноста. Како граѓанин на Македонија се почувствував поразено кога ги видов тие редици од млади луѓе кои аплицираат за бугарско државјанство и тоа не заради лични амбиции и напредок во животот, туку за гола егзистенција во развиените земји“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, новинарката Филиповска.

Славица Филиповска, награда за најдобра сторија на млад новинар

Шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, при доделувањето на наградите рече дека новинарите трпат големи притисоци на работното место, имаат мали плати, но, сепак, си ја вршат својата работа – професионално и објективно.

„Во име на ЕУ, сакаме да им искажеме почит за работата и за борбата за вистината. Новинарите играат корективна улога во општеството, а истражувачкото новинарство се бори против корупцијата и организираниот криминал. Им благодариме на сите новинари за нивната макотрпна работа“, рече Жбогар.

Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство се доделува трета година по ред, а за 2016 година беа пријавени 26 автори со 32 стории.

Д. М.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Александар ДимитриевскиЕУ наградиЗоран Јовановскиистражувачко новинарствоМарина ТуневаСамуел ЖбогарСлавица Филиповска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ