• Latest

Мемети: Државата мора да најде решение за бегалците од Косово!

May 31, 2017
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мемети: Државата мора да најде решение за бегалците од Косово!

May 31, 2017 14:28
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Осумнаесет години  во Македонија без решен правен статус, живеат повеќе од 150 бегалци од Косово“, изјави на денешната прес-конференција Народниот правобранител Иџет Мемети,.

Според неговата изјава, бегалците од Косово живеат во Македонија во тешки услови, без средства за егзистенција, без здравствена заштита, без можност за добивање матични броеви за нивните деца и без можност за остварување на какви било други права.

„Секторот за азил им издава документ со кој лицето е во фаза на суспендирано враќање. Овој документ поради бојата е наречен ’жолт картон’, со кој на лицата им се одложува враќањето во матичната земја, а со што истовремено, и им се ограничува пристапот и остварувањето на сите права во Македонија, иако станува збор за лица кои треба да уживаат меѓународна заштита“, истакна Мемети.

Тој потестува на писмото од  1 септември 2010 година, испратено до комесарот за човекови права Хамамберг во Стразбур, со кое се изразува волја, која седум години не се преточува во правна норма – за овие лица да имаат права.

„Лицето И.Б. како 13-годишно дете заедно со семејството (татко, мајка, три  сестри и двајца браќа) во 1999 бега од Косово во Македонија. По доаѓањето, прво имала статус на лице со хуманитарен третман, потоа лице под супсидијарна заштита, а веќе 6 години, од 2011, е лице исклучено од секакви права! Таа не ја напуштила Македонија. Доделен ѝ е социјален стан во кој престојува како самохрана мајка на четири деца, родени тука и има поднесено барање за државјанство, но иако таа смета дека има цврста врска со Македонија, нејзиното барање е одбиено. Управниот суд двапати одлучува во корист на оваа самохрана мајка, ја прифаќа тужбата која ја поднела и предметот го враќа на повторно разгледување, а третиот пат, во октомври 2016, и Управниот суд се предава и без образложение ја одбива тужбата како неоснована“, се податоците за само еден случај, само еден од примерите за тоа со какви проблеми се соочуваат овие 150 бегалци.

„Сметам дека решение на нивниот проблем е издавање времен матичен број. Тоа го предложивме и добивме одговор дека законот не го признава ваквиот начин на издавање документи. Но, државата е таа која треба да го прилагоди законот, да го препознае проблемот и да најде решение“, рече Мемети.

Со овој проблем се соочува и дел од ромската популација во Македонија, односно, 800 од 1.000 Роми кои немаат матични броеви.

Народниот правобранител се надева дека со новата влада многу работи ќе се променат, меѓу кои и ингеренциите и овластувањата на Омбудсманот.

Tags: бегалциКосовоматичен бројНароден правобранителчовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ