• Latest

ЦИВИЛ: Недоволна застапеност на жените во борбата против малото и лесното оружје

June 6, 2017
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ: Недоволна застапеност на жените во борбата против малото и лесното оружје

June 6, 2017 19:24
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода,  во партнерство со Меѓународната акциона мрежа за мало оружје (International Action Network on Small Arms – IANSA), учествува во Глобалната недела за акција против оруженото насилство, која се одржува од 2003 година. Темата на глобалната акција оваа година е „Патот кон развојот и мирот започнува со замолчување на оружјето“.

ЦИВИЛ – Центар за слобода неделава ќе објави серија текстови за состојбите со контролата на мало и лесно оружје. Денешната тема се однесува на празнините во учеството на жените и нивната застапеност во борбата против малото и лесно оружје. Разбирањето на врските меѓу контролата на вооружувањето и родовите прашања од властите мора да се подобри. Тие врски треба да се одразат во легислативата и во другите владини процеси.

Основните проблеми кои IANSA ги препознава во однос на вклученоста на жените се однесуваат на непризнавањето на поврзаноста меѓу контролата на малото и лесно оружје и резолуциите кои се однесуваат на жените, мирот и безбедноста.

Резултатите од Биеналната конференција на државите членки на Обединетите нации не допираат до државните агенции кои имаат овластување да го зголемат учеството на жените. Политиките на исклучување се резултат на слабата координација меѓу агенциите. Постои огромен недостаток на политичка волја за институционализација и спроведување на обврски за учеството на жените. Мал е бројот на жени во одлучувачките процеси за контрола на оружјето, на која се гледа како на исклучиво машка територија/прашање.

Контролата на малото и лесно оружје се смета за одговорност исклучиво на безбедносниот сектор. Поради родовите улоги, стереотипите и симболите, жените се малцинство во безбедносниот сектор кој доминира во контролните процеси за мало и лесно оружје. Националните политики за оружјето (во развиените земји и земјите во развој) се подготвуваат без учество на женските групи, и често, во консултација со групи во кои доминираат мажи, кои не ги одразуваат грижите на жените, или посебните опасности за жените кои произлегуваат од злоупотребата на малото оружје.

Програмите за разоружување, демобилизација и реинтеграција (РДР) се најчесто наменети за мажи и не ги признаваат жените кои не носат оружје. Камповите за демобилизација не се дизајнирани за да одговорат на потребите на жените како борци, не-борци или оние кои ги придружуваат машките борци. Овие програми ретко се занимаваат со прашањата како репродуктивното здравје, психосоцијалната поддршка и грижата за децата. Постои огромен недостаток од механизми за обезбедување на учество на жените во мировните и безбедносните процеси, и особено во процесите за контрола на мало и лесно оружје.

Влијанието на машката претстава за мажите како воини и заштитници, и за жените како немоќна група на која и е потребна заштита, како и негативните ставови на мажите и жените кон учеството на жените во процесите на контрола на малото и лесното оружје, влијаат на политиките на исклученост на жените од овие процеси. Постои сериозен недостаток од истражувања за влијанието на учеството на жените во контролата на мало и лесно оружје, како и во останатите мировни и безбедносни процеси, недоволни се фондовите за напорите за создавање на родова димензија на воените и мировните процеси како и на РДР програмите.

Насоките за подобрување на состојбите со учеството на жените во контролата на мало и лесно оружје се однесуваат, пред сè, на препознавање на врските меѓу контролата на мало и лесно оружје и Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Резолуцијата 1325 е првиот формално-правен документ на Советот за безбедност за спречување на кршењето на правата на жените и поддршка за учество на жените во мировните преговори и постконфликтната реконсктрукција, како и за заштита на жените и девојките од сексуално и родово засновано насилство во вооружени конфликти. Оваа резолуција стана рамка за организирање на агендата која се однесува на жените, мирот и безбедноста.

Tags: Биенална конференцијаГлобална недела за акција против оруженото насилствоИАНСАООНРезолуција 1325Совет за безбедностЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ