• Latest

ДИК усвои нов Деловник. А имплементацијата, кога?

July 7, 2017

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДИК усвои нов Деловник. А имплементацијата, кога?

July 7, 2017 14:48
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот Деловник на Државната изборна комисија и Правилникот за начинот и постапката за решавање по приговори, по повеќемесечната евалуација на изборниот процес во декември 2016, се појави и на нивната веб- страница, заменувајќи го стариот, веќе една година застарени Привремен деловник.

Деловникот ја одредува работа на  ДИК, неговата структура, начинот на изборот на претседателот и членовите, генералниот секретар и службите, транспарентноста и почитувањето на Изборниот законик, всушност, ги одредува начелата и принципите што оваа институција мора да ги почитува и целосно да ги спроведува.

Евалуацијата за изготвување на Деловникот, според информациите од ДИК, ги опфаќа: изборните активности од предвремените парламентарни избори 2016 година, анализата на препораките од Финалниот извештај на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР од набљудувањето на изборите 2016 година, извештаите од работилници и тркалезни маси во организација на ДИК со претставници на граѓанските организации и државните институции.

Дополнителна помош е побарана и од меѓународниот консултант од Венецијанската комисија при Советот на Европа.

ЦИВИЛ – Центар за слобода во своите извештаи и препораки за изборите минатата година, ја оцени работата на ДИК како нетранспарентна во однос на граѓаните и организациите што го мониторираа изборниот процес. Исто така, една од препораките беше ДИК и другите надлежни институции да бидат тие што ќе понудат максимална отвореност и помош на граѓаните, а не како што беше случајот со последните избори, граѓаните сами да се борат, а воедно и да им ја вршат работата, за остварување на своето гласачкото право.

И покрај големиот број обраќања на ЦИВИЛ до ДИК и до јавноста, во кои целосно отворено и директно беа презентирани наодите и анализите од сеопфатниот мониторинг на предизборниот, изборниот и постизборниот период, институциите останаа без одговор. Членовите на ДИК немаа слух, а често се случуваше, во кризните моменти во екот на изборниот процес, ни физички не беа присутни на работното место.

Од друга страна, финалниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР излезе со очекувани резултати, односно оценки дека има потреба од подобрување на внатрешната организација на ДИК, ефикасноста и поголема транспарентност во процесот на спроведување на изборите, како и сите седници да бидат јавни, со цел зголемување на довербата кај граѓаните. Сепак, во новиот Деловник се предвидува, според член 2, како и во Привремениот, сега неважечки деловник, работата на Комисијата да биде целосно транспарентна. Само во ретки случаи, предвидени со Изборниот законик, ДИК би можел да ја исклучи јавноста, но се препорачува тоа право, оваа институција воопшто да не го користи.

Во новиот Деловник, членот 2 е проширен: „Комисијата за сите прашања што се во нејзина надлежност одлучува со јавно гласање“. Јасно е, се очекува јавноста да има увид во гласањето, одржување седници и други активности на ДИК кои се од висок интерес за демократскиот карактер на изборните процеси.

Компаративно, новиот Деловник е подобрен. Тој е проширен, поконкретен и појасен во одредбите што покажува дека со внимание се прецизирани  надлежностите на ДИК. Но, се поставува прашањето, по 10 години работа по привремен деловник, со истечена важност од една година – кои биле пречките да се состави нов и многу порано? Односно, дали и Привремениот деловник на ДИК бил почитуван? И најважно: колку истиот состав на ДИК кој го спроведе претходниот изборен процес, ќе го спроведува новиот и подобрен деловник.

И конечно, дали некој ќе се осмели да се повика на членот 9, став 3 од Деловникот, за разрешување на член од Комисијата за несовесно и нестручно вршење на функцијата?!

Во поглед на реформите, постои уште едно тревожно прашање: Кои измени во Изборниот законик може да доведат до целосно реформирање на ДИК? Кај кого се ингеренциите?

Во пресрет на локалните избори, што се предвидуваат за 15 октомври, ДИК треба да решава и за состојбата на Избирачкиот список, како најприоритетен за создавање минимални услови за слободни избори. Избирачкиот список е во хаотична состојба, а извештаите на ДИК за промените во Избирачкиот список се штури статистики што не даваат јасен увид за граѓанките и граѓаните да стекнат доверба дека институциите ќе им овозможат остварување на гласачкото право.

Останува да се види колку од Деловникот ќе остане формалност, а колку ќе се имплементира. Многу прашања на кои, во нормална демократија, одговорите се на дофат на раката.

Биљана Јордановска

Tags: ДеловникДИКизбирачки списокизборен законикизбориОБСЕ/ОДИХРЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ