• Latest

Елиминација на насилството врз жените и девојчињата!

August 3, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Елиминација на насилството врз жените и девојчињата!

August 3, 2017 11:29
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерствата за труд и социјална политика и за здравство и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ја најавија реализацијата на проектот: „Подготовка за ратификација на ‘Истанбулска конвенција’ – Усвојување на подобри политики и пракси за елиминација на насилството врз жените“, преку кој, Македонија треба да се подготви за ратификација и имплементација на Истанбулската конвенција

Една од целите на проектот е развивање на рамка за координиран и стратешки пристап за справување со насилството врз жените и девојчињата, како и исполнување на стандардите на Истанбулската конвенција за ефективно обезбедување на соодветни услуги.

„Истанбулската конвенција“ воспоставува силна практична база за превенција, заштита на жените и девојчињата од насилство и прогон на насилниците и има за цел воспоставување на еднакви права меѓу мажите и жените, и елиминација на родово базираното насилство.

Според министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, започнати се подготовките и координацијата со останатите релевантни институции и меѓународни организации, за отворање на Центар за жртви на сексуално насилство, во кој жртвите ќе добијат психосоцијална поддршка, и помош за нивна ресоцијализација и реинтергација.

Согласно меѓународните стандарди за човекови права, ќе се изработаат интерни документи за функционирање на Центарот: за постапките и процедурите на упатување, сместувањеи престој, правила за однесување на ангажираниот персонал, протокол за заштита…, како и протоколи за постапување со жртви на сексуално насилство согласно законските обврски и обврските од Конвенцијата .

Според министерот за здравство Арбен Таравари, Истанбулската конвенција ќе биде голем чекор напред кон елиминација на насилството врз жените, а проектот ќе придонесе за подигнување на свеста и ќе ги елиминира предрасудите кон родово базираното насилство.

Постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН, Луиза Винтон, потенцираше дека Истанбулската конвенција претставува инструмент на меѓународното законодавство што може многу да помогне во борбата за елиминирање на насилството врз жените. ,,Поддршката на ратификацијата и имплементацијата на Конвенцијата е приоритет на сите агенции на ОН, присутни во државата. Затоа, сум горда што го започнуваме овој проект, сега и тука, заедно со нашите два партнера од Владата’’, рече Винтон.

Покрај Центарот за жртви на сексуално насилство што ќе го отвори МТСП, проектот иницира отворање на три пилот – центри за упатување на жртвите на сексуално насилство, лоцирани во здравствени установи во Скопје, Куманово и Тетово. Во рамки на проектот ќе се организираат експертски дебати и обуки за сите релевантни страни, како и истражување за алтернативните модели на функционирање на шелтер центри за жртви на семејно насилство. Меѓу планираните активности е и поддршката на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, преку која ќе се работи на подигнување на јавната свест и искоренување на предрасудите и негативните родови стереотипи.

Активностите се финансирани и имплементирани од Програмата за развој на Обединетите нации, а планирано е да финишираат до крајот на 2017 година.

Tags: ВинтонИстанбулска конвенцијаМинистерство за здравствоМТСПпревенцијапроектсексуално насилствоТаравариУНДПЦаровска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ