• Latest

Интелектуалци

August 12, 2017

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Интелектуалци

August 12, 2017 15:51
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Абер да се немало од животот. Академски титули наредени уште од минатиот систем, кога навистина се учеше во образовните институции. За бадијала. Но, очигледно е дека немаат ништо научено и тогаш кога можело нешто да се научи. Мажиња со бели коси или оќелавени, жени, повеќето теткосани и заоблени како крофни, владеат со просторот.

Пишува: Џабир Дерала

Нивниот ден не е едноставен. Зујат наоколу за да задржат тоа што го имаат. Потоа, се посветуваат на тоа да отворат уште некоја врата кај што има уште повеќе мрсни придобивки, но не одбиваат ни трошки. Многу енергија трошат за да му забијат нож в грб на секој што е пред нив со светлосни години.

Држат по најмалку три-четири позиции. Една-две во образовните институции, па местенце во некој борд, па невладина организација, па бордови во влада… Уживаат во тоа да се продадат како експерти, секаде кај што за тоа има прилика. Упорни се и во објавување трудови надвор од земјата, за да мавтаат со тоа дома и уште поскапо да се продадат.

Повеќето се националистички гомца, а своите позиции ги бранат со комплицирани флоскули кои ни самите не ги разбираат. Бескрајно им завидуваат на младите и одважни умови. Ги оцрнуваат кај стигнат, а најмногу во коментари на Фејсбук.

Сончогледи… кокетираат со секоја власт, ама баш со секоја. И мизеријата од сопственото полтронство ја бранат со неутралност и објективност, кои не ги поседуваат и немаат намера да ги поседуваат. Во својата суштина се опскурни бирократи.

Ова не е ново за интелектуалните елити насекаде. Најчесто, тие се вредните чистачи на изметот на режимите. Орвел кажал: „Некои идеи се толку апсурдни, што само интелектуалци можат да веруваат во нив.“ Јас би додал – сакаат да веруваат, бидејќи така им одговара.

Не им е грижа што нивниот колаборационизам и послушно лижење чизми на политичарите и бизнисмените служел како апологија на криминално и насилничко владеење. Не ги допира тоа што режимот убива луѓе, некои побавно, некои побрзо. Не ги погодува тоа што мрсните газди експлоатираат и убиваат, им се разболуваат работниците, паѓаат од скелиња, машините им ги отсекуваат прстите или гладуваат. Не. Тие пишуваат рекламни текстови или монографии за политичарите и бизнисмените. Се борат за подобра позиција во нивниот видокруг. Еден од ваквите квази-интелектуалци стаса и до претседателска фотелја и пресреќно раскажуваше како му намигнал американскиот претседател.

Како змии се провираат низ системот и му служат само на сопствениот интерес. Одговорноста пред јавноста и општеството длабоко ја презираат. Тоа за нив е глупост, но и добра обланда.

Ете, тоа е интелектуалната елита на оваа земја. А прекрасни, млади и супер талентирани и креативни луѓе работат по шанкови или одат во белиот свет да си ја бараат среќата.

Tags: интелектуалциквази-интелектуалциопортунисти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ