• Latest

Димовски: Сменетиот Митревски ги „бранел“ работничките права – со 5 пиштоли!

August 16, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Димовски: Сменетиот Митревски ги „бранел“ работничките права – со 5 пиштоли!

August 16, 2017 15:33
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претходниот претседател на ССМ, Живко Митревски преку буџетот на Сојузот си ги плаќал: киријата за стан, иако има стан во Скопје; трошоците за комуналии и хигиеничарка; сметките, како и двајца возачи за двете службени возила, објави денеска новото раководство на Синдикатот.

„Кога го прочитав овој договор се фрапирав, вакво нешто нема ниту претседателот на Америка. Ние сите претседатели на синдикатите, никогаш не сме потпишале ваков договор. На овој договор се потпишал доскорашниот секретар кој е сега во пензија, Ангелко Ангелковски. Покрај Митревски, кривична пријава ќе следува и за Ангелковски! Уште поскандалозно е тоа што во сефот се пронајдени 4 пиштоли со 80 куршуми, што во досегашниот попис ги нема. Денес е пронајден уште еден пиштол со куршуми! За што служеле пиштолите, не знаме“, вели Дарко Димовски, новиот претседател на ССМ.

„Живковски има дури двајца шофери, еден шофер го користел во Битола, еден во Скопје, тоа го нема ни Заев, претседателот на Владата, ниту претходниот премиер Груевски. Обезбедување – не знаеме колку има“, изјави Пеце Ристевски од СИЕР.

Како претседател на Сојузот, Митревски примал плата од 50 илјади денари, 10.000 денари како член на Фондот за пензиско осигурување, 12 илјади денари за одвоен живот, и како член на Извршниот одбор на ССМ, си препишал себеси, по 3.000 денари месечно. „Посрамно не може да биде. Да можел денар екстра да го земе, ќе го земел“ вели Ристевски.

Новото раководство на ССМ против Митревски најавува серија на кривични пријави, дел за фалсификување на документи, а дел – за злоупотреба на службената положба. Како што велат оттаму, тој сам одлучувал за сите трошоци како реновирање на простории во зградата на ССМ, што е спротвно на Законот. Во меѓувреме, Митревски формирал нова синдиклана организација наречена „СТОЛБ“, а со тоа, како што велат од ССМ, сакал да направи раздор кај синдикалците.

„Митревски заедно со неговиот пајташ, поранешниот министер за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, формирале синдикална организација ‘СТОЛБ’, ама јако име, и тоа синдикално здружение има 4 членови во моментот“, вели Пецо Грујовски од УПОЗ.

Димовски истакна дека Митревски треба да престане да ја манипулира јавноста. „Ние не сме подружница на никоја власт, ние сме синдикалци со чиста синдикална крв“, додаде в.д. претседателот Димовски.

На прашањето, каде ќе биде распореден сега Митревски, Димовски одговори: „Во Бирото за вработување како невработено лице, бидејќи ако некој не се појави неоправдано на работа три дена, тогаш му престанува работниот однос“.

Текст и камера: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Дарко ДимовскиЖивко МитревскипиштолиРистевскисерија кривични пријависиндикалци со чиста синдикална крвССМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result