Педесетина граѓанки и граѓани на Тетово денеска протестираа поради палењето на депонијата во градот, што предизвика уште поголемо загадување на воздухот во градот и околината.
Протестот започна на плоштадот, а потоа продолжи пред седиштето на Општина Тетово. Демонстрантите го искажаа својот револт со фрлање ѓубре и јајца пред општинската зграда, со повици надлежните – пред сѐ градоначалничката Теута Арифи, итно да преземат мерки за целосно гаснење на пожарот и веднаш да почне со чистење на дивата депонија. Поголеми инциденти немаше, а забележливо беше и поголемо присуство на полицијата, која го обезбедуваше протестот.
Текст и фотографија: Перо Наумовски