• Latest

ЦИВИЛ: Напад врз новинарските екипи е напад врз слободата и демократијата!

August 24, 2017
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ: Напад врз новинарските екипи е напад врз слободата и демократијата!

August 24, 2017 14:10
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува секој вид насилство и ги повикува институциите, политичките партии и нивните активисти, како и сите граѓанки и граѓани, да ја почитуваат работата на новинарските екипи.

„Секаков вид попречување на работата на медиумите и новинарските екипи, како и на граѓанските новинарки и новинари, претставува атак врз демократијата и врз слободата на изразувањето“, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Нападите и попречувањето на работата на новинарските екипи и на граѓанските новинар(к)и не престануваат. Таков е и нападот врз екипата на Нова ТВ, на 23 август 2017 година, додека подготвуваше прилог за собирањето потписи против бегалците во општина Аеродром. Новинарката на Нова ТВ, во преносот во живо, кажа дека тоа најверојатно го сторил активист на оваа иницијатива. Неодамна, граѓански новинар, соработник на ЦИВИЛ, беше врзан со лисици од полицијата додека снимаше настан, а пред тоа, екипа на ТВ Шења беше под закана од партиски активисти, сето тоа за само еден месец. Новинарите и активистите се честа мета на говор на омраза на социјалните мрежи и во медиумите кои се под директна контрола на одредени партии.

Тоа е неприфатливо однесување! Без оглед на тоа дали се работи за индивидуално мотивирани напади или се работи за искажување став во име на политичка партија или иницијатива, не смее да се дозволи насилство и малтретирање на новинарските екипи. Тоа е забрането со закон и институциите мора да реагираат соодветно и решително.

Предолго бевме сведоци, па и жртви на режим во кој ваквото однесување беше неказниво, а политичките екстремисти и криминалци беа недопирливи.

Овие напади ЦИВИЛ ги смета за напад врз слободата и демократијата. Бараме најстроги казни за сторителите на насилнички акти, како и за ентитетите чии членови се тие.

Ова не смее да се случи уште еднаш!

Tags: активистинапади врз новинарски екипинасилствонеприфатливо однесувањеполитички екстремисти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ