ТВ Шења ја извести јавноста дека новинарска екипа на оваа телевизија на 18 јули била попречена и била предмет на закани додека ја вршела својата должност. Според извештајот на новинарската екипа на ТВ Шења, инцидентот се случил во скопското маало Дуќанџик, во Општина Чаир, кога симпатизери на ДУИ вербално ги нападнале новинарите и граѓаните кои давале изјава во тој момент.
Ова не е прв инцидент во кој новинарски екипи се мета на попречување, закани и насилство, за што во изјава за ЦИВИЛ Медиа, неодамна говореше и Исмаил Синани од ТВ Шења.
ЦИВИЛ остро го осудува секој вид насилство и ги повикува институциите, партиите и сите граѓанки и граѓани, да ја почитуваат работата на професионалните новинарски екипи.
„Секаков вид попречување на работата на професионалните медиуми е своевиден атак врз демократијата и врз слободата на изразувањето“, изјави по тој повод, Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.