• Latest

Михајловски: ВМРО-ДПМНЕ нема иднина со меѓународно изолиран лидер!

August 29, 2017

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Михајловски: ВМРО-ДПМНЕ нема иднина со меѓународно изолиран лидер!

August 29, 2017 15:48
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реформистите на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција ја презентираа Декларацијата „Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија“, со намера да направат јасна разлика меѓу политиките на реформираното ВМРО–ДПМНЕ, што ќе носат прогрес и развој на Македонија и политиките на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, коишто ја донесоа партијата до целосна изолација.

„Тоа беа политики на барање надворешни и внатрешни непријатели на Република Македонија, политики на ширење на анти-ЕУ и анти-НАТО пропаганда, политики на лажен патриотизам, политики на креирање лажни вести, како што ги нарекува претседателот Трамп – ‘фејк њуз’, со цел да се шири параноја и страв кај македонските граѓани. Ние треба да расчистиме со тоа“, порача Александар Михајловски, еден од носителите на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека членови на партијата, веќе отворено и масовно потпишуваат изјави со кои што ја прифаќаат Декларацијата за реформи на ВМРО-ДПМНЕ.

„Треба на сите да ни биде јасно, посебно на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека доколку партијата не се реформира, ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се врати на власт! Имаме лидер со одземен пасош, изолиран од меѓународната заедница и човек за кого што се водат судски постапки. Со кој капацитет ќе го води ВМРО-ДПМНЕ во иднината и како ќе настапи на овие локални избори, со тој товар што го носи и за него и за партијата? ВМРО-ДПМНЕ треба и мора да се реформира, ако сакаме да одиме напред, ако сакаме да изградиме силни политики, што ќе му овозможат на следните парламентарни избори, повторно да ја добие поддршката од граѓаните, и да ја формира новата влада“, рече Михајловски.

Целта на реформистите е партијата да се врати во рацете на членството, „зашто, последните години е целосно узурпирана, без никаква демократија“. А, кандидатите за овие локални избори, како што велат, се номинираат без никаква демократија и во нетранспарентна постапка.

„Без да се почитува волјата на базата на партијата, наводно се вршеле некакви анкетирања. Кој ги вршел тие анкети, која е целната група, дали анкетите се веродостојни и дали се доволен фактор за избор на кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ? Дали тој кандидат има поддршка од базата на партијата? Тие прашања нас нè загрижуваат и покажуваат дека нашата Иницијатива е целосно оправдана и уште повеќе, потврдува дека на ВМРО-ДПМНЕ му треба целосна демократизација!“, истакна Михајловски.

Тој не одговори на новинарско прашање дали реформистите ќе излезат со свои советнички листи, но рече дека наскоро по разговорите во Штабот за реформи, ќе излезат со став за настапот на локалните избори.

 

Моника Талеска

Камера: Дехран Муратов

Tags: Александар Михајловскианти ЕУанти НАТОВМРО-ДПМНЕДекларацијалажен патриотизамлокални избориНикола Груевскиреформистисоветнички листифејк нуз
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ