• Latest

Царовска: Бегалските станови се лага што постои само во главата на Груевски и бандата!

September 6, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Бегалските станови се лага што постои само во главата на Груевски и бандата!

September 6, 2017 17:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Станови за бегалци, ниту ќе се градат, ниту се градат во моментов, никаде на цела територија на Македонија! Неколку пати во медиумите кажав, тоа е лага! ВМРО-ДПМНЕ пласираат лажни вести, со цел јавноста да ја изманипулираат пред локалните избори“, порача Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, одговарајќи на прашање на ЦИВИЛ Медиа, „Дали во с. Удово, како што се шират гласини меѓу прилепчани, ќе се отворат бегалски кампови, ќе се вработат околу 500 хигиеничари и околу 1000 лица за обезбедување?“

„Референдум е демократска алатка која што и јас и Владата ја поддржуваме, демократијата е нешто основно што треба да го почитуваме ние како Влада, но и сите граѓани на Република Македонија. Затоа апелираме референдум да се распишува внимателно, и ако се распише тоа не смее да биде на денот на избори, мора да биде после избори. Зашто веројатно треба да се свесни дека и во Законот за избори, но и во Законот за спречување на корупција, стои дека средства што не се планирани во буџетот, не смее да се лоцираат во овој период, ние сме веќе во избори. Што значи, тоа може да го направат после изборите, но внимателно треба да се трошат парите на граѓаните. Ако се потрошат 100.000 евра за референдум за лажно прашање, потенцирам, тоа е лага која што постои само во главата на Груевски и неговата банда, никаде на друго место. Поради тоа што тие се исплашени, локалните избори ќе ги изгубат во најголем дел од општините“, категорична е министерката Царовска.

Моника Талеска

Камера: Атанас Петровски

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: бегалски камповивработувањеГруевскилагалокални избориманипулацииреферендум
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result