• Latest

Кукавици и лешинари

September 10, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кукавици и лешинари

September 10, 2017 16:10
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Никогаш не формираа вистински став за криминалот и злоупотребите. Тие беа „објективни“! Ако воопшто кажаа нешто налик на критика во темното време на страховлада на Груевски и фамилијата, тоа беше врз основа на истражувања на јавното мнение, од кои извлекуваа „експертизи“ кои скапо им ги наплаќаа на странските донатори. Медиумите и донаторската заедница ја голтаа јадицата, без да помислат дека овие секогаш се кријат зад грбот на своите испитаници и комплицираните академски флоскули.

Пишува: Џабир Дерала

Истовремено, со својот испланиран и подмолен молк, до максимум ги искористуваа придобивките од корумпираниот, антидемократски режим. Се однесуваа како мисија од друга планета која. Нивните настапи во јавноста беа здодевни и невидливи, а ефектот еднаков на нула. Скапо и излишно. Но, истовремено, тоа беше и многу корисно за режимот, бидејќи со тоа покажуваше „демократски капацитет“.

По падот на режимот, тие одненадеж се гласни “чувари” на општествениот морал, “досетливи” бранители на објективноста и непристрасноста. Ги гледам по социјалниве мрежи и по маргините на медиумскиот простор, како ревносно напаѓаат. Се обидуваат, кутрите, да фатат такт со оваа нова врева од слободен говор. Сакаат да застанат до громогласните критичари кои беа такви и тогаш кога ретко кој се осмелуваше и да мисли (парафраза на текст од Кежаровски). Негуваат надежи дека, ако и тие го поткренат своето жабешко батаче, некој ќе им стави потковица и ним.

Хм… Такви, какви што се, а богами и како што тргнала новата влада, нема да ме зачуди ако добијат богато „ухлебие“. И – оп! Пак ќе си замолчат. Нема ни да крекаат веќе. Се разбира, ќе продолжат вредно да тролаат до локалните избори, бидејќи мораат да одработат за претходниот газда. Но, секако веќе се спремни за новите улоги.

Ги гледам овие “велики писци” (мртви души) како напаѓаат нешто што се токму самите тие. Од удопствата на паднатиот режим, од длабоката сенка на молкот, истрчаа голи и разврескани, го бранат тоа што не може да се одбрани. Го бранат својот намерен и тежок пропуст.

Ја пропуштија шансата да бидат дел од историјата. Засекогаш. Нивниот молк беше залепен на бетонските плочи што ни ги спремаа. Нивните партиски шинели им пречеа да одат, но тие беа задоволни и со лазење. И не беа дел од револуцијата. Не сакаа да ги изгубат трошките што им ги фрлаше Груевски. Бенефиција овде, амбасадорско место онде, места по бордови, акредитации или напросто – само кукавичлук. И сега им се највиновни тие кои најжестоко се бореа и платија висока цена за својот бунт, но ја задржаа гордоста и независноста. Виновни им се тие што се бореа затоа што веруваа, а не очекуваа медали.

Токму тие слободољубиви луѓе им пречат најмногу. Затоа што, тие се без скриени агенди. И по падот на диктаторчето – говорат гласно. Тие се тегобниот потсетник за нивниот молк и соучесништво. Затоа крекаат. Затоа, сега се претворија во хроничари на тоа кој колку бил гласен, кога, што кажал и напишал. Лешинари. До колена се во полскиот клозет на Груевски. Најпрактично им се чини да удрат по тие што им се потсетници. Да релативизираат како и порано: „Да не го менуваме Груевски, сите се исти… Крив е Хитлер, ама криви се и Евреите… Криви се силувачите, ама и таа не требало да носи кратка сукња…“ Главна алатка им е замена на тези. Евтино. Си мислат дека, ако сега ги критикуваат тие што се бореа за слобода на изразувањето, ќе покажат дека и тие се во тоа друштво. Глупа тактика.

Да им се обратам: Само уште повеќе се разголивте! Никој не ве суди што бевте кукавици! Само престанете да ги браните фашо-мафијашите и престанете на туѓ грб да си го миете образот. Нема да ви успее! Таман и новата влада да ве прибере во своите јасли.

Когда трус всегда трус! Еднаш кукавица, секогаш кукавица. Кукавиците секогаш пропуштаат да бидат дел од историјата. Или, како што тоа би го кажал Шекспир: Кукавиците умираат многу пати пред својата смрт, храбрите само еднаш. Што? Дури и Шекспир го преферирате на руски? Еве ви: Трус много раз до смерти умирает, храбрец вкушает лишь однажды смерть.


Објавено во Плусинфо и во Слободен печат (11 септември 2017)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГруевскидонаторизлоупотребиистражувањајавносткукавицилешинариХитлерШекспир
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result