• Latest

Кој сѐ може да набљудува?

October 11, 2017

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кој сѐ може да набљудува?

October 11, 2017 13:53
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изборите може да ги набљудуваат домашни здруженија и странски организации кои се регистрирани во согласност со законите, најмалку една година пред денот на одржување на изборите, а во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права, според член 161, став 1 од Изборниот законик.

Државната изборна комисија може да го одземе овластувањето за набљудување ако заклучат дека изразуваат поддршка за некој кандидат, партија или коалиција.

На 15 октомври ќе набљудуваат шест домашни здруженија со вкупно 4946 набљудувачи акредитирани од ДИК.

Според член 161, право за набљудување имаат и меѓународни организации и претставници на странски земји.

Доколку акредитираните набљудувачи имаат забелешки за работата на избирачкиот одбор, според изборниот законик, имаат право на евидентирање во дневникот на избирачкото место.  Исто така, акредитираните набљудувачи можат од непосредна близина да го следат утврдувањето на идентитетот на избирачот кој пристапува на гласање.

Секој со своја методологија на мониторинг на изборниот процес, набљудувачите на домашните здруженија пред сѐ треба да бидат објективни и непристрасни, а законот предвидува дека за време на гласањето и на местото на гласањето не смеат да носат ознаки или симболи на политичка партија, коалиција или кандидат.

Односно, за сите акредитирани набљудувачи, беџот, на видно место, и овластувањето од ДИК , се единствените ознаки што секој набљудувач треба задолжително да ги има. Брендирањето со ознаки на организацијата од која доаѓаат набљудувачите е по сопствен избор.

На денот на гласање ќе набљудуваат и  овластени претставници на подносители на листи и кандидати за градоначалници.

Нивните ингеренции се малку повисоки, како и начинот на овластување од ДИК. Овластените претставници се по избор на подносителот на листа или кандидат за градоначалник, и во текот на изборниот процес избирачките одбори имаат должност да реагираат на секоја нивна забелешка.

Овластените претставници задолжително, на видно место, за време на гласањето и на местото на гласањето носат беџ со бројот на избирачкото место за кое се овластени.

За разлика од акредитираните набљудувачи, тие немаат право да набљудуваат на друго избирачко место освен на овластеното.

На денот на гласање се очекува сите набљудувачи да внимаваат на почитувањето и остварувањето на гласачкото право на сите граѓанки и граѓани.

Биљана Јордановска

Tags: ДИКизборен законикнабљудувачиовластувања
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ