Специјалното јавно обвинителство го примило известувањето од Кривичен суд Скопје 1 дека се прифатени обвинителните акти за случаите „Труст“ и „Тотал“.
Во предметот „Труст“ првоосомничен е Сеад Кочан, три правни и две физички лица за учество на тендер во „Електрани Македонија“, спроведен во 2011 година. Обвинетите се товарат дека преку фирмите „Трансмет“, „Силекс Неметали“ и „Вато“, кои не ги исполнувале условите за тендер, ја фалсификувале потребната документацијата. Станува збор за штета од 17 милиони евра.
Првата јавна расправа за овој предмет е закажана на 7 ноември.
Судот, исто така, го прифатил и обвинителниот акт за случајот „Тотал“ во кој за затајување на данок, во врска со телевизиски маркетинг, е обвинет Драган Павловиќ – Латас. Првото рочиште за овој случај сѐ уште не е закажано.