Обвиненијата „Тарифа“ и „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство се оценети позитивно од Кривичниот суд и по распределба на судија се очекува за кратко време да се закажат и судските рочишта.
Вицепремиерот Владимир Пешевски се товари за злоупотреба на службена положба и овластување во предметот Траекторија кој се однесува на изградбата на автопатите, а исто така и поранешниот министер Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски. Никола Груевски во истиот предмет е обвинет за примање награда за противзаконито влијание.
За злоупотреба на службена положба и обезбедување дозвола за софтверски систем за потребите на ЕЛЕМ, што не бил имплементиран, се товарат три лица во предметот„Тарифа“.
Б.Ј.