Министерството за внатрешни работи поведе дисциплински постапки и додели отказни решенија за 11 полицајци за учество во настаните на 27 април и насилството во Собранието.
По „крвавиот четврток“, настаните ги расветлуваше и Основно јавно обвинителтсво, а беше покренато обвинение за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, додека на четири години затвор беше осуден напаѓачот на пратеничката Радмила Шеќеринска.
Засега според информациите од МВР суспендирани се 42 полицајци, а за 70 се водат дисциплински постапки.
Б.Ј.