• Latest

За никогаш повеќе да не се повтори… „Случајот Кежаровски“

November 17, 2017
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За никогаш повеќе да не се повтори… „Случајот Кежаровски“

November 17, 2017 16:59
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преполна сала, дотерани, насмеани луѓе, се довикуваат од едниот до другиот крај на салата, се поздравуваат со поглед, со крената рака, се чувствува дозата нестрпливост да започне настанот кој веќе доцни десетина минути…

Се слуша понекоја досетка, луѓето сè уште навјасуваат, салата е претесна да ги собере сите. Во првите редови високи функционери на власта, амбасадори и дипломати, едно столче до Марина, сопругата на Кежаровски стои празно. „Го чекаме Заев“, слушнав нечиј коментар во заднина на сиот тој џагор. Подоцна дознав дека Заев навистина имал обврски како премиер. Значи, сепак, не ја наследил лошата навика на претходникот… Заев пристигна, го пополни празното столче до Марина. Секоја педа од салата беше исполнета, до вратата, па дури и зад неа.

„Сите нервози беа како однесени со рака, кога, во преполната сала на ФОН згаснаа светлата за првиот видео-вовед за ‘Случајот Кежаровски’ и за протестите во јавноста. Во салата едноставно, зуеше електрицитет од измешани чувства: болка, бес, сочувство… Секој збор од прекрасните излагања на промоторите, професорите Нано Ружин и Маја Стевановиќ и сето она што јас го зборував, одекнуваше во тишина, сè до настапот на актерите Благој Веселинов и Сања Арсовска. Кога Арсовска го изговори првиот збор од прошверцуваното писмо на ќерката Стефанија до Кежаровски –  ‘Тато’, солзи можеа да се забележат на лицата на добар дел од присутните“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, новинарот Синиша Станковиќ, еден од промоторите на промоцијата на книгата „Живот во кутија“ на Томислав Кежаровски.

Плачеше Кежо, а плачевме и ние… Неговите тивки солзи беа придружени со громогласни аплаузи во знак на поддршка и сочувство. Одеднаш салата доби некаква поинаква димензија. Ги немаше оние насмеани лица, ги немаше досетките и џагорот кои дваесеттина минути претходно ја исполнуваа салата.

„Книгата ја напишав да испратам јасна порака до политичарите и до обичниот човек. Живеевме во осум квадрати, со месеци, четворица. Различни по образование, по националност, по возраст, по секој поглед различни. Но, тоа не ни даде повод да се расправаме меѓу себе. Ако ние можевме да живееме во осум квадрати, во Македонија има простор да живеат два милиони луѓе“, рече новинарот Томислав Кежаровски во емотивниот говор.

[envira-gallery id=”45502″]

И покрај, констататцијата на Станковиќ, дека не сме сите Кежо, сепак, барем во тие час и половина присутните го демантираа. Сите присутни, повторно бевме Кежо и сочувстувавме со него и неговата фамилија.

„Но, останува горкиот вкус: Нели, наместо стипендист на ‘Хамбургер штифтунг фур политиш ферфолгте’ сепак подобро ќе звучеше на визит картата да пишува Кежаровски, новинар од било која редакција во Македонија“, рече Станковиќ.

„Останува надежта дека кога ова општество конечно ќе почне редовно да застанува зад сите Кежовци, постапките како неговата, ќе станат урнек, модел за однесување пред насилството и безаконието. Можеби тогаш Македонија ќе се стори олрајт. И секако, кога ќе се оствари слоганот на Шарената револуција за криминалците: ‘Че си лежите’“, додаде тој.

Слатко горчлива е вистината на овие зборови, и колку и навистина да сочувствуваме со него, сепак, никогаш нема да бидеме Кежо. Впрочем, и самиот тој синоќа го посака тоа. Кежаровски рече дека се надева оти неговата книга ќе биде последна во која ќе се пишува за нечија голгота.

Не знам за останатите, но јас не издржав да ја оставам книгата, ја прочитав во еден здив и можам да ви кажам само дека комплетно се согласувам со тоа дека ние никогаш не сме биле Кежо. Но, Кежо е секој еден од нас.

Неодамна, имав прилика да ѕирнам во страниците додека книгата беше сè уште во подготовка. Со Станковиќ искоментиравме, дека веројатно минатата власт и не била баш свесна за последиците од тоа да осудиш и затвориш новинар. Последицата е токму оваа книга.

По синоќешната промоција и читањето на „Живот во кутија“, на оние што треба да си лежат, им посакувам по еден примерок, како задолжителна литература, всушност, како прирачник за преживување.

„Живот во кутија“ е многу повеќе од сведоштво за хоророт на Кежаровски и на неговото семејство, оваа книга е сведоштво за едно време во кое се изгубија сите вредости на ова наше метастазирано општество, сведоштво за еден систем од кој мора да се отарасиме, што поскоро. За никогаш повеќе да не се повтори…

Маја Ивановска
Фотографија: Биљана Јордановска

 

 

Tags: „Живот во кутија“промоцијаТомислав Кежаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ