• Latest

Левица незадоволна од новата фискална политика на Владата

November 18, 2017

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Левица незадоволна од новата фискална политика на Владата

November 18, 2017 15:42
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Левица излезе со соопштение како реакција на фискалната стратегија на Министерството за финансии и изјавата на министерот Драган Тевдовски на вчерашната прес-конференција.

„Левица изразува чудење од леснотијата со која Министерството за финансии ќе спроведува засилена фискализација и фискална дисциплина врз грбот на работниците и земјоделците.

„Граѓаните мора да сфатат колку е важно да се плаќаат даноците. Без тоа не можеме да ги развиеме столбовите на општеството, образованието, здравството“, рече министерот Драган Тевдовски на вчерашната прес-конференција.

Користејќи го неопределениот поим „граѓаните“, министерот Тевдовски, со игра на зборови, го одвлече вниманието на јавноста од одговорот на прашањето, кој ќе го сноси товарот на новата фискална политика.

Од целосното излагање на министерот, стана јасно следното:

Ќе се оданочуваат платите на работниците, а не профитите на газдите. Новата фискална политика предвидува измени во персоналниот данок. Во исто време, не се предвидени, ниту најавени, измени во данокот на добивка (или корпоративен данок).

Најголемиот товар ќе падне врз земјоделците. Законските измени го укинуваат даночното ослободување за земјоделците кои годишно остваруваат приход до 300 илјади денари. Се работи за мнозинството земјоделци, кои претходно ослободени од оданочување, сега ќе плаќаат данок на државата, која за возврат не го гарантира откупот на нивните производи и ги остава незаштитени од пазарот на ниски откупни цени.

Земјоделците кои остваруваат приход помал од 300 илјади денари годишно, најчесто се единствени кои остваруваат приход во семејството.

Но, Владата нема милост за овие семејства и не се задоволи со зголемувањето на цената на дизел горивата и водата, кои особено се користат во земјоделеството. Владата реши да биде уште понемилосрдна. Поради дупката во буџетот, делумно создадена од дуплираните трошоци за дневници и патувања на пратениците, ќе се цедат илјадници семејства, капка по капка, а преку оданочување на приход кој и така не е доволен за подмирување на основите потреби на семејството и семејното производство.

Левица ја повикува Владата да го остави даночното ослободување за овие земјоделци. 300 илјади денари годишно за едно семејство, е износ рамен на дневен приход на големите и средни бизниси.

Не ставајте рака во и онака празните џебови на земјоделците. Ставете рака во преполните џебови на милионерите!
Само така се развиваат столбовите на општеството, образованието и здравството“, соопштуваат од Левица.

Tags: владаДраган ТевдовскиЛевицасоопштениефискализација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ