Лидија Кировска, новинарка во кумановското радио „Браво“, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека секогаш работела со уредници што не дозволувале мешање на политичките и бизнис центрите на моќ, недозволувајќи им да вршат притисок врз новинарите и врз медиумот.
„За да некој ти врши притисок, значи дека самиот му дозволуваш да го наметнат нивното мислење и да гледаат на тебе како лабилна личност“, изјави Кировска.
Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.