• Latest

Шекеринска: Членовите на ДИК, номинирани од СДСМ, ги вратиле парите

December 11, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Членовите на ДИК, номинирани од СДСМ, ги вратиле парите

December 11, 2017 17:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Оставките на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски и на членовите предложени од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, се порака која Владата сака да ја испрати до јавноста дека прифаќа критики и оти нема да практикува неодговорно однесување“, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Ова е порака, која тие и ние ја испраќаме до јавноста дека прифаќаме критики, дека критиките можат да бидат позитивни и дека таквото однесување оваа Влада нема да применува, ниту пак го прифаќа. Презедовме обврска тоа да го покажеме и во нашето секојдневно однесување. Го поздравувам нивниот гест и сметам дека тоа е поука за сите избрани личности во Македонија, за сите кои ја добиле нашата доверба, вклучувајќи не и нас самите“, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот со бонусите во износ од 12 плати кои си ги поделиле членовите на ДИК.

Таа нагласи дека членовите што го номинирал СДСМ поднеле оставки и ги вратиле парите, кои ги зеле со одлука, која не и била позната на јавноста.

„Владата не ја избира ДИК и во тој поглед сме внимателни, бидејќи не сакаме да испадне дека Владата се меша во работата на ова или некои друго регулаторно тело. Оваа Влада беше избрана за да не биде иста како претходната, затоа што вети промени во политиките, одлуките и однесувањето. Тоа значи дека нема само да водиме сметка за законот, туку и за тоа дали некои одлуки се етички и политички коректни“, рече Шекеринска.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владаДИКпариСДСМШекеринска
Share74Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result