• Latest

Здравкин: Локалните телевизии се пред изумирање

December 15, 2017
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Здравкин: Локалните телевизии се пред изумирање

December 15, 2017 12:30
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ангеле Здравкин, сопственик и менаџер на велешката локална телевизија ТВ Здравкин во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за состојбата во локалните медиуми, притисоците, слободата на медиумите и начините на решавање на проблемите во медиумската сфера.

ЦИВИЛ Медиа: Каква е состојбата со слободата на медиумите во Република Македонија?

Здравкин: Јас како сопственик на локален медиум можам да зборувам за нашата територија. Во последните години немавме директни притисоци кон информативната редакција, но имавме скриени индиректни притисоци во смисла на рекламирање, пристап до информации на локално ниво, во јавните институции. Бевме игнорирани од јавните институции во однос на некои информации, за разлика од другите медуми коишто беа припоени до власта. Така што во последните години бевме изложени на еден вид на тортура.

ЦИВИЛ Медиа: Дали Вие лично бевте на некој начин засегнати во сиот тој период? Дали добивавте некакви притисоци?

Здравкин: Јас како сопственик и менаџер на локален медиум се грижам да обезбедам средства за вработените. Од тоа да не можеш да обезбедиш средства за да ги исплатиш вработените нема поголема закана! Сите врати ти се затворени. Или, пак, на пример, имавме период кога имавме реклама и после некој ден ти се јавува рекламерот и ти вели: Ве молам да ја стопирате рекламата, затоа што имаме директни притисоци од јавните институции. Потоа, на нашите коминтенти им влегува Управа за јавни приходи, секакви инспекции, ги контролираат… Мислам дека од тоа поголема закана нема!

ЦИВИЛ Медиа: Што мислите дека треба да направат општеството, државата и државните институции за да не се повторуваат ваквите состојби и притисоците?

Здравкин: Целиот наш систем е свртен кон политиката. Значи, ако политиката се издвои од економијата, бидејќи ние сме радиодифузни друштва, мислиме дека беспрекорно ќе функционираме. Иако, морам да нагласам дека економијата, односно, сите бизниси се на колена, немаат средства за реклами. Мислам дека последните десетина години маркетингшкиот пазар е уништен. А најмногу го уништи претходната власт со нивните јавни кампањи и јавни рекламирања. Имаше ситуации кога телевизиите и медиумите беа толку напумпани со владини реклами и воопшто не беа заинтересирани за обичните коминтенти. Тоа значи дека тие одеа и со дампинг цени, за да ги уништат помалите локални телевизии, тука мислам на националните медиуми.

ЦИВИЛ Медиа: Што можеме да направиме? Дали нешто од ова може да се регулира со закон или, пак, треба да се променат некои практики, навики и политики?

Здравкин: Медиумите во Македонија се дојдени до тој стадиум, што мислам дека во наредните 2-3 години треба да се најде нешто за да преживеат. Тие се толку задолжени со кредити, што тешко дека ќе преживеат. Мислам дека во разговор со колегите од другите медиуми, голем број од сопствениците нема да ги продолжат лиценците следната година, а се чека и новиот закон за медиуми, за којшто не знаеме каков ќе биде. Има претпоставки, го следиме, има препораки и тој се движи во позитивна насока единствено кон националните медиуми. Регионалните и локалните телевизии се пред изумирање.

ЦИВИЛ Медиа: Дали владата се консултира со вас, за вашите потреби?

Здравкин: Ние бевме запоставени, бидејќи немавме здружение долги години. Сега моментално имаме две здруженија, даваме конкретни предлози до информатичкото општество и мислиме дека нешто од тоа ќе се усвои и се надеваме дека ќе преживееме. Бидејќи медиумот е основа за демократијата.

ЦИВИЛ Медиа: Дали владата ве покани на разговор?

Здравкин: Мене лично не. Но, знам дека претставниците од двете здруженија имаат контакти со владата.

Џабир Дерала

Обработка на текст: Маја Ивановска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ермин Климента


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: Ангеле Здравкинпритисоцислобода на изразувањеслобода на медиумиТВ Здравкин
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ