• Latest

Политиката, тоа сте вие граѓаните

December 16, 2017

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Политиката, тоа сте вие граѓаните

December 16, 2017 12:29
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Зборот политика потекнува од грчкиот збор Полис – град – граѓанство. До неодамна, мнозинството граѓани велеа не ме интересира политика, денеска бараат некој со волшебно стапче да им го реши проблемот со загадениот воздух. Со тоа повторно докажуваме колку сме нација на непораснати деца кои не ја гледаат личната одговорност во општеството и во промените.

Пишува: Ида Протуѓер

Загадениот воздух е всушност најголемиот шамар за оние што велеа не ме интересира политика.

Па граѓани и граѓанки, политиката на увоз на возила според ЕУР 3 стандарди го донесе автомобилскиот крш што беше забранет во ЕУ. Политиката на сеча на парковите доведе до намалување на зеленилото. Политиката на грандоманија го огрде градот и го наполни со градежна прашина. Политиката на пропаганда доведе до тоа да не се извадат аргументите за загадувањето на маса и да се поттикне здрава и стручна дискусија. Јас пишував на тема узов на автомобилски крш, сечата на паркови, градежниот хаос, особено за Скопје 2014. Многумина како мене реагираа, протестираа, но бевме малцинство. Кога праќав до медиумите слики од загадувањето од Железара во Аеродром, само Фокус, Либертас, Призма и ТВ Нова објавуваа. Сопругот мој беше редовен “дописник” за загадувањето на Центарот за управување со кризи каде звонеше секоја вечер.

Но клучното прашање е што направивте вие?!? Од однесувањето и свеста на поединецот, зависи колективната благосостојба. Да ве интересираше политика, немаше да дојде до ова.

Не може граѓаните да бараат привилегии од власта, а да не ја согледаат сопствената одговорност во општеството. Промени ќе има кога ќе се почне од личната свест и одговорност.

До вчера имаше поплаки дека ќе се плаќа поголема акциза за дизелот како мерка да се намали загадувањето, денеска барате “некој” да ви го прочисти воздухот. Ако ЕУР стандардите се вратат во “нормала” и се забрани автомобилскиот крш, се недевам нема да протестирате, ако навистина барате решение за загадувањето?!? Се разбира дека и обратно, одговорноста на власта не е да ги ужива привилегииите туку да испорачува резултати. Ако помине неказнето, на пример, оној нов “кинески зид” во Тафталиџе во режија на Стевчо Јакимовски од кој тешко да има проток на воздух во цела населба, проблемот само ќе се зголемува. Релацијата граѓанство – власт во однос на барање отчетност, одговорност и испорака на резултати редно е да стане функционална. Но, и во двете насоки. Ако некој стопанственик сокрива даноци, смешно е да бара потоа повеќе пари од буџетот за стопанството нели?

Добро што реакциите по несреќната изјава на Шилегов и за загадувањето покажуваат дека граѓаните се заинтересирале конечно за политика. Одговорност треба да се бара, но не само кај властите, туку и кај сопствените постапки.

Ако е Македонија е заедничка, а не моја или твоја, така треба и да се однесуваме.

 

Tags: граѓанизагадувањеИда ПротуѓерМакедонијаполитикаШилегов
Share145TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ