Активистите за заштита на животните, љубителите и сопствениците денеска протестираа пред Собранието.
Нивните главни барања се санкции за трујачите или одговорните за расфрлање отрови, како мерка за заштита од напади на бездомните животни, и полиција за животните.
Барајќи правда за животните, активистите побара законска забрана за слободна продажба на отрови и казна затвор за секој што ги злоупотребува.
Организаторите најавија дека ќе продолжат со протестите доколку не се преземат итни мерки за решавање на проблемот и заштита на животните.
В.М.