• Latest

Политички комбинаторики по убедливата победа на СНС на локалните избори во пет општини

December 25, 2017

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Политички комбинаторики по убедливата победа на СНС на локалните избори во пет општини

December 25, 2017 13:56
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на СНС и српски претседател Александар Вучиќ прогласи убедлива победа на вчерашните вонредни локални избори во пет општини во Србија.

– Во Печинци освоивме 77,71 отсто од гласовите, а во општина Неготин 70,53 отсто. Во Мионица освоивме 65,8 проценти од гласовите, а во Костолац 62,51 отсто. Им честитам на СПС на Ивица Дачиќ. Тие некаде беа во коалиција со нас, некаде не беа. Им честитам и на ДС на добрите резултати во три општини, истакна Вучиќ.

Единствена општина во која не победи СНС е Прешево, каде победа однесоа албанските партии, од кои најмногу освои Алтернативата за промени.

ДС која беше една од ретките опозициски партии кои излегоа на овие избори, најмногу гласови освои во градот Неготин, речиси 20 отсто, додека вкупниот збир во останатите општини во просек изнесуваше над 13 отсто.

– И покрај тезничната атмосфера на купување гласови, уцени, закани и заплашувања, како и на активен бојкот на изборите, овој резултат претставува потврда дека на граѓаните им се потребни промени. Покажавме дека можеме да се бориме и во тешки услови, секој глас е важен. Исто така ќе биде и на следните избори во Белград, соопштија од ДС на Драган Шутановац.

Покрај обвинувањата на ДС за нерегуларност на изборите, се огласи и Саша Јанковиќ од ПСГ кој изјави дека изборите не беа фер и слободни и оти ова не смее да се повтори на белградските избори. Незадоволни се и од НУНС и НДНВ поради заплашувањата, заканите и навредите кон новинарите за време на изборниот процес, а заради нерегуларностите со критики се огласи и Тања Фајон, пратеничка во Европскиот парламент.

Резултатите од вчерашните избори веќе денеска почнаа да влијаат на можните коалиции за престојните пролетни избори за градот Белград.

Така српски „Курир“ пишува дека коалицијата на Ивица Дачиќ со Воислав Шешељ во Мионица ги „затресе преговорите во пресрет на белградските избори“.

Вицепремиерот и лидер на Социјалдемократската партија, Расим Љајиќ изјави дека „доколку социјалистите се одлучат за радикалите, нема потреба со нив да се разговара. Ние гледавме во СПС потенцијален партнер, но по коалицијата со радикалите, ние ќе разговараме со СНС“.

Лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ за РТС денеска изјави дека СПС остварила „исклучителни резултати со коалицијата со СРС на Шешељ во три општини, што значи дека нашата коалиција СПС-СРС и Едниствена Србија на Драган Марковиќ Палма има синергија и е прифатлива за граѓаните“.

На прашањето дали оваа коалиција е најава за соработка со СРС, Дачиќ изјави дека „не е, но и дека сите резултати треба да се земат предвид. Ние имаме разлики по прашањето за ЕУ, но и никогаш не бевме предавници.“

Тој, исто така, нагласи дека би сакал да се одржат предвремени парламентарни избори.

И во опозицијата по вчерашните избори почнаа предизборни комбинаторики за белградските избори.

Така ЛДП на Чедомир Јовановиќ излеза со став дека се задоволни од резултатот на локалните избори, воедно осудувајќи го бојкотот на кој повикаа Саша Јанковиќ и Вук Јеремиќ, со што директно работеле против опзициските партии кои излегоа на изборите.

ЛДП нема да го поддржи Драган Ѓилас, но затоа од сега, зад поддршката на кандидатурата на Ѓилас за градоначалник на Белград застанаа и од Народната партија (НС) на Вук Јеремиќ во „стратешко партнерство со партијата ПСГ на Саша Јанковиќ и Драган Ѓилас“ соопштија по седницата на Претседателството на НС.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: вонредни локални избориСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ