• Latest

Укинато екстерното, ревизија на учебниците и реформи во сите образовни нивоа

December 29, 2017

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Укинато екстерното, ревизија на учебниците и реформи во сите образовни нивоа

December 29, 2017 09:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Учениците уште денеска се на настава, а од вторник официјално ќе бидат на тринеделен зимски распуст. За второто полугодие во клупите ќе се вратат на 22 јануари. Матурантите нема да се подготвуваат за екстерно тестирање кое за нив во минатите четири години се спроведуваше на крајот на јануари, за разлика од сите други средношколци и основци кои беа тестирани на крајот на учебната година.

Екстерното тестирање воведено во 2013-та беше укинато годинава со усвојување на измените на законите за основно и за средно образование по скратена постапка на седница на Собранието на 1 јуни. Тоа беше прва одлука на Владата од нејзиното формирање и едно од главните ветувања во изборната кампања на СДСМ.

 

Од 1 септември во средното образование не почна примената на наставната Кембриџ-програма што беше најавувано од претходната власт како продолжение на Кембриџ-програмата за предметите од природните науки, воведена во основното образование. Засега Кембриџ-системот останува од прво одделение додека работната група на МОН не излезе со резултати од анализа дали тие учебници се компатибилни со наставните планови и се конкурентни на другите учебници или ќе бидат исклучени.

Многу предмети, лошо знаење

Владата преку Министерството за образование и наука се зафати со ревизија на наставните планови и програми, на учебниците и на законите за образование. Според нејзината оценка, македонските ученици имаат многу предмети и лошо знаење и затоа подготвува пакет реформи во образовниот систем.

Целта е учениците да добијат квалитетно образование што подразбира учење со разбирање, применливо знаење и стекнување вештини. Се планира намалување на бројот на предмети за учениците да имаат повеќе слободно време. Фокусот е ставен и на квалитетно средно стручно образование и повеќе практична настава. Спорт во училиштата и иновации во наставата се, исто така, предвидени со реформите.

На конферецијата „Квалитетно образование за раст, резултати и подобра иднина“ што се одржа овој месец, министерката за образование и наука Рената Дескоска соопшти дека наскоро на јавна дебата ќе биде ставен материјалот за реформи во првите три одделенија од основното образование.

 

Целта е да се понуди образование што ќе биде прифатено од децата и кое ќе им понуди квалитет, особено во делот на јазичната и математичната писменост каде што Македонија е и најслабо рангирана. Станува збор за измена на целокупниот наставен план за прво одделение – наставните содржини што се учат, оптовареноста на децата, фокусот, методите на учење… Возраста за почнување на децата на училиште нема да се менува, рече министерката, додавајќи дека промени се планираат и во системот на оценување – треба да се оценува суштинското знаење и извлекувањето заклучоци.

Ревизија на учебници во пакетот реформи

МОН најави и ревизија на сите учебници кои содржат грешки, невистинити факти, дискриминаторски содржини, говор на омраза, предрасуди и стереотипи.

Како најзначајна инвестиција во основното и во средното образование во наредниот период ресорната министерка го најави изготвувањето нови и квалитетни учебници. Таа истакна дека предност во тој сериозен и долг процес ќе му се даде на квалитетот, а не на времето за изработка на учебниците.

Годинава беа поделени мислењата, вклучително и меѓу историчарите,  по најавеното преиспитување на историските содржини предвидено со Договорот за добрососедство со Бугарија. Во него (член 8 точка 2) стои дека ќе биде формирана „заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на Договорните страни“.

„Ревизијата нема да биде ревизија на факти, туку на невистинити факти, затоа што некои работи што се случиле никој не може да ги избрише од историјата“, рече неодамна на прес-конференција Дескоска.

Во однос на Грција, таа одговори дека во нејзиниот мандат МОН не добило барање од МНР за формирање заедничка комисија со Грција за евентуална ревизија на учебниците.

Нацрт-законот за високото образование до 6 јануари на ЕНЕР

Покрај основното и средното, реформи се подготвуваат и во високото образование. Работни групи од сите засегнати страни – студентски организации, професори од универзитети и претставници на синдикати учествуваа во давањето предлози за креирање текст на нов закон кој ќе го замени постојниот повеќепати менуван Закон за високо образование.

Нацртот на новиот закон од 18 декември е ставен на електронскиот регистар на прописи https://ener.gov.mk и до 6 јануари може да се доставуваат коментари и предлози на zvo@mon.gov.mk или до архивата на МОН со цел да се направи подобра верзија на законот.

„Нацрт-законот за високо образование покрива теми коишто беа болни за универзитетите. Целта е да се зголеми автономијата на универзитетите, тоа е придобивка за сите – и за професорите, и за студентите, целта е и да се подобри квалитетот на студирањето, како и да се утврдат стандарди за мерење, евалуација на квалитетот на високото образование, да се овозможи студентско организирање кое ќе ги застапува интересите на студентите“, изјави министерката  Дескоска по објавувањето на нацртот.

 

Една од новините кои се предлагаат е измена во функционирањето на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, односно негово одделување во два органа. Од предлозите на различни институции – универзитети, студенти и од Професорскиот пленум произлегол опшст консензус – дека Одборот за акредитација и евалуација онака како што е сега поставен не дава можност за да се посвети доволно внимание на процесот на евалуација односно мерење на квалитетот, туку повеќе е фокусиран на процесот на акредитација.

Се предлага Одборот за акредитација и евалуација да се подели во два дела – посебен орган што ќе акредитира програми и посебен орган што ќе ги евалуира и контролира акредитираните програми т.е. квалитетот на високото обрзование.

Претседателот на Одборот, академик Владо Камбовски, оцени дека многу институции во оваа област не ги исполнуваат основните законски услови за остварување високообразовна дејност и смета дека е потребно ригорозно преиспитување на мрежата на високообразовни институции во Македонија.

 

„Ние имаме 25 универзитети, имаме над 130 факултети, односно единици во универзитетите и, според нашите податоци, имаме околу 1500 студиски програми во рамките на тие 130 единици. Тоа е една невозможна ситуација. Сме западнале во некоја хипертрофирана мрежа на студиски програми. Само оваа година пред нашиот Одбор биле акредирани можеби 500 или 600 студиски програми“, изјави Камбовски. Според него, таквата состојба е резултат на недоволно обмислена политика во високото образование која, смета тој, повеќе одела кон задоволување политички и квантитативни критериуми, отколку во потрага на квалитет.

Студентите од новиот закон очекуваат промени во студентското организирање и независни и функционални студентски парламенти. За таа цел на неколку универзити во изминатиот период се одржаа консултативни состаноци за тоа кои се нивните права, како да научат да ги користат и да ги бранат и како да се слушне нивниот глас во донесувањето одлуки.

уким  .jpg

Од МОН уверуваат дека се на иста линија со студентите и дека и нивна цел е автономијата, слободата на мисла и изразување и студентско тело во рамки на универзитетот ослободено од секакви партиски влијанија.

Буџетот за 2018-та  поголем од лани за 5 проценти 

Вкупниот буџет на Министерството за образование и наука за 2018 година изнесува 406,5 милиони евра, што е зголемување за пет отсто во однос на 2017 година.

Најголем дел од него, околу 45 проценти, е наменет за финансирање на потребите во основното образование. За високото образование се планирани 26 отсто, за средноото 19 проценти, шест отсто се наменети за ученички и студентски стандард, два отсто за наука и 1,8 отсто за администрација.

Буџет образование

За капитални инвестиции во образованието од буџетот за 2018-та се предвидени 2.140.024.000 денари, од кои за изградба и реконструкција на основни и средни училишта се обезбедуваат 282.600.000 денари.

Зголемување од 600 милиони денари или 4,62 отсто во споредба со буџетот за 2017 има за блок-дотации, т.е. средствата што МОН им ги пренесува на единиците на локалната самоуправа за основното и средното образование. Зголемување на платите за пет проценти ќе добијат и наставниците. 

Хатка Смаиловиќ


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: екстернообразованиереформи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ