Во ЦИВИЛ денеска работниот ден ќе биде посветен на нашиот другар Мирослав Стојановиќ – Шуки, во духот на спомените што ни ги остави. Ќе објавуваме негови слики, многу заеднички фотографии, ќе се потсетуваме на неговиот оригинален начин на комуникација со секој од нас, на неговата единствена смисла за хумор, ќе ја слушаме музиката што ја сакаше…
Просториите на ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе бидат отворени за секој што ќе посака да каже збор-два за него, и да најде место за сеќавање и разговор за Шуки.
Шуки, секогаш наш, и со нас.