• Latest

Столтенберг за Заев: My hero!

January 18, 2018

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Столтенберг за Заев: My hero!

January 18, 2018 19:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заедничката прес конференција на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и македонскиот премиер Зоран Заев заврши во пријателски дух и со срдечно ракување. Столтенберг, со широка насмевка го гушна Заев и рече: „Добри пријатели!“ покажувајќи кон него и додаде: „My hero!“ (Мој херој). 

Пред големиот број новинарски екипи од земјата и регионот, премиерот Заев и Генералниот секретар Столтенберг ги изнесоа своите впечатоци и поенти од разговорите и средбите во Владата на Република Македонија.

Премиерот Заев истакна дека посетата на Генералниот секретар на НАТО Столтенберг и на неговата делегација, се вистинско охрабрување и поддршка на нашите очекувања дека 2018 година ќе биде историска година за Македонија и за регионот, но и за НАТО и Европската Унија.

– Истовремено, не можеме да не го изразиме нашето задоволство од обновениот интерес на НАТО за Западен Балкан, во еден особено значаен и чувствителен геостратегиски момент. Време е да го внесеме во завршница процесот за интеграција на сите земји од регионот што сакаат да бидат дел од семејството на северно-атлантската алијанса. Ние сме подготвени да работиме заедно во остварувањето на таа цел – нагласи премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев потенцираше дека нашата земја од корисник на безбедност, за кратко време прерасна во доверлив и компатибилен партнер на Алијансата, и дека активно учествува во мировните операции на Алијансата низ светот.

Премиерот Заев нагласи дека Владата на Република Македонија создава услови за градење национален консензус со сите клучни и одлучувачки политички субјекти: Со Претседателот на државата и со опозицијата, за забрзување на нашата интеграција во НАТО.

– Активно и посветено создаваме амбиент за надминување проблемот што го има Република Грција со името на нашата држава. Верувам дека создадовме добар моментум за последниот заеднички исчекор.Искрено очекуваме Република Македонија да биде 30-тата земја членка на Алијансата. Работиме за таа цел, заедно со граѓаните и со сите наши партнери, земји членки на НАТО! Тоа се перспективите за граѓаните на Македонија, како и за сите граѓани во регионот – истакна премиерот Заев на заедничката прес конференција за новинарите со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, пред многуборјните новинари пренесе дека за Брисел е инспиративен напредокот во Македонија, направен од ланската политичка криза, низ реформските чекори што се преземаат и добрососедските односи, на што е резултат договорот со Бугарија.

Тој ја поздрави и определеноста на Владата за решавање на долгогодишниот спор со Грција, како и учеството во НАТО мисиите. Ова, како што е оценето докажува дека Република Македонија заслужува да биде земја членка на Алијансата, за што Владата и Република Македонија имаат поддршка, со охрабрување да се заокружат реформските процеси и да се затворат отворените прашања, низ покажана одговорност и сериозност од страна на сите политички субјекти во државата.

Премиерот Заев и Генералниот секретар Столтенберг потоа одговараа на новинарски прашања при што уште еднаш беше истакнато дека во фокусот на наредниот период треба да биде позитивната завршница на преговорите за единственото отворано прашање исправено пред примето на Република Македонија во НАТО алијансата.

Тоа што го направи Република Македонија во изминатите седум месеци е инспирација за сите земји во регионот и дека сите земји членки на НАТО овие постигнувања ги вреднуваат позитивно и дека се насочени во востинската насока, беше истакнато во завршницата на прашањата на новинарите на прес конференцијата на Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Претходно, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и високата делегација на алијансата, во рамките на официјалната посета на Република Македонија, денеска беа пречекани со церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести во Владата на Република Македонија, при што химната на НАТО, за прв пат откако е усвоена, беше изведена во живо од воен оркестар.

Високиот гостин и делегацијата на НАТО ги пречека Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски и државниот секретар во МНР, Виктор Димовски, по што ќе следуваше тет-а-тет средбата на премиерот Заев и Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.

Столтенберг и Заев, Скопје, 18/1/2018

Во делот на посетата на делегацијата на НАТО во Владата на РМ, се одржа и пленарна средба меѓу претставниците на Владата и делегацијата на НАТО.

На оваа средба Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, го информираше Генералниот секретар Столтенберг за текот на реформските процеси во земјата во насока на обезбедување независно судство и владеење на правото, независни медиуми, заштита на човековите слободи и права.

– Работиме на решавање на спорните прашања што се наоѓаат на патот на Македонија кон НАТО и подготвени сме да ги решиме на достоинствен начин, низ национална заедничка стратегија, истакна премиерот Заев на средбата.

Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, на средбата изрази поддршка за конструктивните политики и реформските процеси што ги водат премиерот Заев и Владата, кои ги отвораат вратите на НАТО за Република Македонија.

Tags: владаЗоран ЗаевЈенс СтолтенбергНАТО
Share226TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ