• Latest

Триумфот на Ангела Меркел

February 8, 2018

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Триумфот на Ангела Меркел

February 8, 2018 07:00
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ангела Меркел е германска канцеларка по четврти пат, по 136 дена преговори за формирање влада. Ова се најдолгите преговори за формирање влада во историјата на Сојузна Република Германија, додека најкраток период од 24 дена за формирање владина коалиција им беа потребни на канцеларите Вили Брант во 1969 и Хелмут Кол во 1983 година.

Парламентарните избори во Германија се одржаа на 24 септември 2017 година кога коалицијата на германските демохристијани (ЦДУ/ЦСУ) на чело со Меркел освоија 33 % од гласовите, што беше пад за 8 % во споредба со претходните избори во 2013 година. Социјалдемократите (СПД) кои и на претходните избори бележеа сериозен пад, продолжија со лоши резултати и освоија 20 % од 709-те места во германскиот Бундестаг, што е за 5 % помалку во однос на претходните избори.

Германската демократска јавност беше загрижена од успехот на ултра десната Алтернатива за Германија (АФД) која стана трета партија со освоени 12,6 % од местата во парламентот, пред Партијата на слободните демократи (ФДП), Левицата и Зелените.

По повеќе од четири месеци крајно неизвесни преговори и неуспехот да постигне договор со Слободните демократи и Зелените, Ангела Меркел конечно ги затвори преговорите со успешен договор со социјалдемократите, што ќе биде трета ваква коалиција меѓу политичките гиганти во Германија. Нови избори се непожелна опција, особено поради растечката популарност на АФД.

Како и да е, СПД успеа да го добие престижниот ресор финансии во новата влада, како и министерствата за труд и за надворешни работи.

Напорните преговори ги круниса писмен договор меѓу ЦДУ и СПД, испишан на 170 страници. Ангела Меркел е задоволна и вели дека вредеше да се вложи толку труд во овие тешки преговори кои завршија успешно. По финализирањето на преговорите, на прес конференцијата на 7 февруари, таа за договорот изјави: „Прво, тој гради влада и тоа стабилна влада. Второ, во него се мисли на потребите на луѓето.“

Сепак, сево ова не е крај на неизвесноста. Членството на социјалдемократите, кое брои околу 460.000, ќе се изјаснува за одлуката да се влезе во коалиција со Меркел. Иако се неволни за повторна голема коалиција со политичките ривали, веројатно е дека, сепак, ќе ја поддржат одлуката, бидејќи нема да биде разумно да одат на нови избори во период кога нивната популарност е на историски ниско ниво.

Како и да е, Германија, а и Европа, можат да бидат поспокојни од денеска. Длабоките политички разлики во германската постизборна неизвесност беа надминати преку дијалог и висока политичка свест и мудрост. Новата германска влада нема да ја менува надворешната политика и ќе продолжи да работи на стабилна и интегрирана Европа.

Џ. Дерала

Tags: Ангела МеркелАФДГерманијаЗелениКоалицијаЛевицаПреговориСПДФДПЦДУ
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ