• Latest

Шилегов и Каминис повикаа на зближување на Скопје и Атина

February 8, 2018

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шилегов и Каминис повикаа на зближување на Скопје и Атина

February 8, 2018 09:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалниците на Скопје и на Атина, Петре Шилегов и Јоргос Каминис, утре во грчката престолнина ќе имаат официјална средба. По тој повод денеска во заедничка колумна повикуваат на зближување на двата града и затворање на отворените прашања меѓу Македонија и Грција.

Колумна е објавена во денешните изданија на македонскиот дневен весник „Слободен печат“ и грчкиот дневен весник „Та Неа“.

– Во текот на изминатите неколку недели беа направени важни чекори и беше направен моментум за решавање на спорот кој ги дели нашите држави со децении. Ова кулминираше со неодамнешниот конструктивен состанок помеѓу двајцата премиери во Давос, што доведе до изрази на надеж и охрабрување кај нашите народи дека оваа историска можност нема да се пропушти повторно. Ние, како градоначалници на главните градови на двете земји, ги здружуваме нашите гласови и го поддржуваме процесот што мора да води кон остварливо решение, а не кон ново разочарување, посочуваат Шилегов и Каминис во колумната.

Двајцата градоначалници го изнесоа своето разбирање дека активирањето на преговорите создава стравови и несигурност кај големи делови од населението во двете земји, и дека таквите негативни чувства и грижи треба да се почитуваат, внимателно да се решаваат и да не се игнорираат.

– Не смееме да дозволиме националистичките гласови во двете страни да ги искористат овие чувства во обидот да го загрозат конечниот договор и повторно да ја утврдат нашата судбина и нашата заедничка иднина, не само како соседи, туку и како европски граѓани, нагласуваат Шилегов и Каминис.

Тие како локални лидери, соочени со моќта на градовите што станува сѐ поголема, појаснуваат дека треба да се справат со повеќе предизвици што се суштински за секојдневниот живот на нивните сограѓани. Се посочуваат како одговорни за обезбедување широк опсег на јавни услуги и должности за да ги направат своите градови привлечни и подобри места за живеење.

– Денес, градовите во Европа ги делат најдобрите практики, соработуваат на различни нивоа, дизајнираат интегрирани политики, промовираат глобални цели и се вклучуваат во директен дијалог со европските институции и меѓународни организации. Градовите имаат храброст да преземат понатамошни одговорности и да развијат тесна интеракција со активното граѓанско општество, секогаш во насока на подобрување на животните услови и донесување конкретни решенија за проблемите на граѓаните, согласни се Шилегов и Каминис.

Градоначалниците на двата главни града се решени да изградат повеќе мостови на соработка и да бидат движечка сила за приближување на двете соседни земји. Сметаат дека е непобитен фактот дека бизнисите во Скопје и во Атина сѐ повеќе се поврзуваат, дека постои културна размена, младите студираат на исти универзитети, а нивните сограѓани посетуваат исти туристички дестинации во двете земји и развиваат меѓусебно пријателство.

На крајот од колумната тие додаваат дека како градоначалници на главните градови, решиле да го отворат патот кон поблиска соработка и силно ги охрабруваат нивните национални влади да го вложат тој дополнителен напор потребен за да не се пропушти новата можност и да се постигне договор, кој им служи на основните интереси на двете земји и гарантира подобра иднина за сите нивни сограѓани.

Градоначалникот на Атина Каминис, во меѓувреме, во интервју за радиото „Тема“ најави дека наскоро планира возвратна посета на Скопје.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: АтинаГрцијазаедничка колумназближувањеКаминисМакедонијаСКОПЈЕШилегов
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ