• Latest

За Лавров ширењето на НАТО кон Македонија е конфронтација

February 22, 2018
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

За Лавров ширењето на НАТО кон Македонија е конфронтација

February 22, 2018 15:57
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и на втората прес-конференција во Белград, овојпат со српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, повторно се осврна на регионот и ширењето на НАТО кон Македонија го оцени како конфронтација.

– Ја разгледавме состојбата во Европа, која, за жал, не е здрава, поради обидите на одредени членки на НАТО и на ЕУ, кои ја зголемуваат конфротацијата со ширењето на Северноатлантскиот сојуз се повеќе кон Исток. Притоа не се зема во предвид мислењето на граѓаните од одредени земји, како што беше случај во Црна Гора, и како што сега се обидуваат да спроведат во Македонија и во БиХ, вели Лавров.

Тој изјави дека се посветени кон сите претходни договори кои досега се постигнати во Советот за безбедност и тоа се однесува и за Косово и за решавањето на состојбата во БиХ, врз база на Дејтонскиот договор.

– Со Србија имаме големо поклопување на ставовите околу меѓународните прашање, констатираше Лавров.

Дачиќ се заблагодари на помошта и разбирањето што Русија и ја дава на Србија за решавање на косовското прашање, при што се осврна на изјавата на Хашим Тачи „дека многу би помогнало доколку Русија ја признае независноста на Косово, со што би се прекинала митологијата кај Србите“.

– Мислам дека е пологично кога САД и Велика Британија би го повлекле признавањето на Косово, со што би се влијаело на намалување на големоалбанската хистерија, која владее во регионот, бидејќи видовте пред неколку дена како јавно за ова говорат одредени албански политичари.Тоа е најголемата закана за мирот и стабилноста во регионот, додаде Дачиќ.

На вчерашната прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, Лавров оцени дека регионот се соочува со многу проблеми, наведувајќи ги големоалбанските аспирации. Итакна дека е загрижен поради пасивноста на ЕУ, а како пример ја посочи Македонија и прекршувањето на Охридскиот договор.

Сергеј Лавров на Ивица Дачиќ на свечена церемонија му го врачи Орденот за пријателство, со кој беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин, со што заврши неговата дводневна посета на Србија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ЛавровМакедонијаНАТО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ