• Latest

Рочиштето за Грујевски и Бошковски одложено поради болест на адвокатот

March 2, 2018
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Рочиштето за Грујевски и Бошковски одложено поради болест на адвокатот

March 2, 2018 11:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

За следниот петок, 9 март, одложено е рочиштето во Врховниот суд по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Еден од двајцата адвокати од грчкиот тим што ги брани двајцата поранешни разузнавачи, беше отсутен поради болест, па затоа неговиот колега побара одложување.

За разлика од минатиот пат, на првото рочиште во Врховниот суд пред две седмици, сега имаше преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.

Во судницата во Врховниот суд, како што јави дописникот на МИА од Атина, и овој пат присутни беа Никола Бошковски и Горан Грујевски кои со полициска придружба беа донесени од атинскиот затвор „Коридалос“.

Претседателката на Советот на судии, ги повика двајцата поранешни разузнавачи за кои се бара екстрадиција во Македонија, им објасни дека еден од адвокатите е болен и побара став и од нив, дали се согласуваат рочиштето да биде одложено, за да може и тој да биде присутен.

– Многу е важен за нас и за случајот бидејќи е со нас уште од почеток и го знае прашањето, рече Грујоски.

А на прашањето дали се согласуваат рочиштето да се одложи, и двајцата одговорија потврдно.

Откако шесточлениот Совет на судии и обвинителот, надлежни за разгледување на жалбата во грчкиот Врховен суд, го слушнаа образложението на адвокатот и ставот на Грујевски и Бошковски, одлучија рочиштето да се одложи за следниот петок. Меѓутоа, како што јави дописникот на МИА од Атина, судијката претседавач, потенцираше дека ова ќе биде последно одложување.

Жалбата во Врховниот суд во Атина за екстрадиција на Грујевски и Бошковски, се разгледуваше со уште 20 други случаи.

Грујевски и Бошковски

Од Врховниот суд во центарот на Атина, поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, повторно беа вратени во атинскиот затвор „Коридалос“, каде што се сместени од 13 февруари по нивното пренесување од Солун во Атина.

За Грујевски и Бошковски во Грција, како што веќе објави МИА, се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси.

Едниот е за фалсификуваните пасоши, со кои беа фатени на солунскиот аеродром, судењето по три одложувања, ќе се одржи на 17 мај годинава.

Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември. Сослушувањето пред комисијата за азил во Солун беше закажано за 15 февруари, но одложено, поради тоа што тие се наоѓаа веќе во Атина.

Третиот е по македонското барање за екстрадицијата, за кој Советот на судии во Солун, на 5 јануари одлучи, Никола Бошковски и Горан Грујевски да бидат екстрадирани во Македонија, а веднаш потоа нивните адвокати поднесоа жалба против одлуката на судот, за случајот да го разглед Врховниот суд во Атина.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: АтинаБошковскиГрујовскисудење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ