• Latest

Препораки од АХВ за заштита од заразни болести при поплави

March 5, 2018

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Препораки од АХВ за заштита од заразни болести при поплави

March 5, 2018 16:30
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По најавата на УХМР за можни излевања на реките поради топењето на снегот, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира да се преземат навремени, превентивни мерки за намалување на ризиците од појава на заразни болести, но и за заштита на животните при поплави. 

Се препорачува за време на поплавите постојано да се следат информациите за водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење преку локалните и националните телевизии, радиjа и преку интернет порталите.

Особено да се внимава на храната за малите деца. Добро е, подвлекува Агенцијата, тие да се хранат со индустриски подготвена храна.

– За пиење, за подготовка на храна и за одржување лична хигиена, да се користи само пакувана вода или вода за пиење од цистерни која ја доставуваат јавните водоснабдителни претпријатија, доколку постојат резерви вода, да не се употребуваат додека не се хлорираат соодветно или превријат најмалку 15 минути, ако водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти каде е видливо заматување, водата да не се користи за пиење и за готвење се до санирање на состојбата и до добивање лабораториска потврда дека е безбедна, нагласува Агенцијата.

Доколку водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти каде нема видливи промени на водата, се препорачува да се изврши нејзина превентивна дезинфекција.

– Редовно да се одржува хигиената на рацете со сапун или средство за дезинфекција, особено по контактот со водата од поплавата или со предметите кои биле поплавени, особено по чистењето и пред подготовка на храна, да се заштити готовата храна за да не дојде во контакт со водата од поплавата или со отпадните води, целата храна која била во контакт со водата од поплавата, во поплавени фрижидери, замрзнувачи или подруми, да не се користи за исхрана, односно, да се фрли, да се дезинфицираат сите работни површини, како и приборот за готвење и јадење, а храната да се подготвува со безбедна вода и задолжително термички да се обработи на температура повисока од 70 степени целзиусови, стои во соопштението од АХВ.

Од Агенцијата потенцираат и подготвената храна да не се чува подолго од два часа на собна температура. Храната треба да се чува на температура пониска од 10 степени целзиусови, а неопходно е и да се избегнува контакт на сировата со термички обработената храна.

– Како дополнителни мерки препорачуваме храната темелно термички да се обработи, особено храната од животинско потекло, додека овошјето и зеленчукот кое обично се користат сирови, дополнително да се измијат во млака вода, да се исчистат, повторно да се измијат и термички да се обработат, наведува АХВ.

За заштита на животните, АХВ вели дека сопствениците, без разлика дали се работи за домашен миленик или домашни животни, треба постојано да ја следат метеоролошката состојба, особено предупредувањата од надлежните органи за опасност од појава на поплави, за да можат навремено да ги извршат неопходните подготовки за заштита на животните.

– Основна работа е на животните да им се обезбеди соодветна храна, вода и засолниште. Доколку постои предупредување за поплава, ако има можност, животните пред надоаѓање на водата да се префрлат на безбедна локација. Ако, пак, во краток рок е потребно да се напушти местото на живеење, а не е можно да се понесат животните со себе, ако е можно, животните треба да се префрлат на безбедно место. Ако се во штала и се држат врзани, животните треба да се одврзат и доколку постои можност, да се дислоцираат на повисоко место каде ризикот од поплавување е помал. Исто така, треба и да се отворат вратите од боксовите и шталите со што животните би имале шанса да побегнат, препорачува АХВ.

Животните кои се држат на отворено исто така треба да се префрлат на повисоко место каде ризикот од поплавување е помал.

– Доколку е можно, храната треба да се складира и префрли на безбедно и суво место, по можност да се складира и свежа вода (во херметички затворени резервоари, цистерни, буриња,…). Животните треба да бидат обележани согласно Законот за идентификација и регистрација, со ушни маркички, а доколку се работи за животни кои немаат идентификација, сопственикот може привремено да ги обележи за да можат да се идентификуваат во случај да се изгубат, сугерира Агенцијата.

Доколку се најдат животни во поплавени подрачја, со нив треба да се постапува внимателно, имајќи предвид дека се вознемирени и исплашени.

– Прво треба да се згрижат помладите животни, што побрзо да им се обезбеди свежа и безбедна вода (ако нема друга опција за безбедна вода, на животните може да им се даде да пијат дождовница). Храната може да се даде во помала количина од вообичаената. Одгледувачите треба да се обратат до екипите на терен кои ќе им дадат соодветни информации каде и како може да обезбедат свежа вода и соодветна храна. На животните не треба да им се дава да пијат од поплавената вода, нагласува АХВ.

Доколку има ограничен извор на вода, на животните дневно треба да им се обезбедат различни видови вода, зависно од возраста, големината и продукцијата: говедо 30-50 литри, коњ 20-45 литри, свињи 4-12 литри, овци и кози шест литри, а живина 0,5 литри.

– За да се намали жедта, доколку има потреба, на животните треба да им се дава помала количина на храна, пресушување на млечните крави кои се во подоцнежна фаза на лактација,… Одгледувачите треба да бидат во контакт со надлежниот ветеринар за давање совети, инструкции, а по потреба и за давање на ветеринарно медицинска грижа. Доколку животните не може да се сместат во шталите, треба да им се обезбеди соодветно засолниште со суви и безбедни лежишта. Животните таму треба да имаат пристап до свежа вода и храна, потенцираат од Агенцијата за храна.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: АХВзаразни болестизаштитапоплавипрепораки
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ