• Latest
Domestic Violence and Abuse as a Abstract

Петнаесет години пекол (2. дел)

March 9, 2018

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петнаесет години пекол (2. дел)

March 9, 2018 18:30
in ОПШТЕСТВО
Domestic Violence and Abuse as a Abstract

Domestic Violence and Abuse as a Abstract

Share on FacebookShare on Twitter

Исповед за страдањата на една жртва на долгогодишно семејно насилство. (Линк до 1. дел)

Февруари, 13 ден. Ме пушти до градот со ќерка ми Г. и јатрва ми. Зошто ме пушти, за подоцна да ме искритикува дека не сум ја зела со нас и Л., а тој самиот рече дека ќе ја чува. И после тоа следеше ќотек, силно ме удри со дршката од метлата во пределот на десната града под мишката. Почна да вика: „Ти ме тераш да те тепам. Морам, морам, ме срамиш пред луѓето…“ и ред други грди зборови. По еден час, легна да спие.

Целата во солзи, ги зедов децата, излеговме надвор во ноќта, околу 21 часот, да барам помош. Прво што ми текна, ѕвонев на вратата кај прва братучетка на „господинот“, надевајќи се дека некако ќе ми помогне. Но ништо, само на закрвавената града, која гореше од температура, ми ставија леб со вино и шеќер, замисли! Побудалив од болка. Следниот ден, Г. ми ја слика повредата.

Една недела подоцна, „господинот“ побара сексуално да го задоволам. Го одбив. Го виде мојот израз на лицето… Мојот бес растеше, почнав да викам, почнав да се бранам, не сакав со тие валкани рачишта да го допира моето повредено тело.

Долго ми требаше да заздравам. Следниот месец, на 2.3.2016 година, почнав да работам во најблиската фабрика за автомобили, како чистачка. Се убивав од работа, одев два пати во денот. Само да заборавам на секојдневните проблеми. Но, цела моја плата одеше на негово конто. Немав право на свое конто.

Никакво право немав на ништо. Ако сакав нешто да си купам за носење, ќе направеше сцена, ќе создадеше проблем, со цел да се откажам од тоа што го сакам. Единствено, повремено купувавме облека за децата. Нему најбитно му беше да имаме храна, да не сме гладни. Многу му беше важна колата, за неа најмногу пари трошеше. Во декември 2016, една година откако дојдовме тука, со кола заминавме на одмор во Македонија. Таму останавме околу три недели. Најмногу отидовме за пасошите на децата.

Тоа беше последниот заеднички одмор, ограничен, не можев убаво на раат да си ги видам пријателите. Само излегувавме со тие тој што сакаше. Добро е тоа што имам вистински пријатели, не ми замерија, иако некои од нив не ја знаеја мојата ситуација. На 3 јануари 2017 година, се вративме дома. Еден ден ми требаше да се адаптирам, а воедно и да се одмориме. На 5 јануари, спремав јадење за Бадник со јатрва ми, правевме баклава и ред други специјалитети, па останав долго во ноќта. Следното утро, сакав малку повеќе да поспијам. Но, во девет часот утрото тој стана и запна и јас да сум станала. Јас само му реков дека ќе поспијам уште малце. На секои 5 минути почна да ме буди – станувај, станувај. Во тој момент некој ѕвони на врата, тоа беше неговиот омилен братучед (пред него многу сака да се докажува), со неговите мали внучиња.

Набрзина станав и се пресоблеков, влегов во дневната, ме изгледа со застрашувачки поглед, кимна со главата во стилот „ќе видиш ти“. Половина час подоцна гостите си заминаа. Само што ги испрати ми нареди да одам во дневната, почна да вика „Извади ги наочарите“. Три пати повтори. Јас со страв ги тргнав. Само што ги извадив, ми тресна една тупаница по десното око, а додека да се свестам, го зеде пластичниот детски стол и го искрши од мојот грб, после тоа со тупаници почна да ме мава по главата и по ушите, каде што најмногу болка почувствував кога ме удри со играчката на Л. (диносаурус изработен од тешка пластика).

Почнав да викам, да барам помош, Л. почна да плаче и да го моли татко ѝ да престане да ме тепа, но тој продолжи да ме удира и удира. Тој не беше човек, туку монструм. За кратко се заклучив во спалната, го отворив прозорецот и почнав да викам, но тој ја скрши вратата и дојде до мене, ме фати за косата и почна да ме влече. Во тој момент влезе Г. и почна да вика: „Пушти ја мајка ми, ќе викнам полиција!“. Застана пред мене и не му дозволи повеќе да ме удира, двете мои храбри ќерки застанаа до мене, да ме одбранат од тој МОНСТРУМ.

Наеднаш, престана со физичкото малтретирање, за неколку минути подоцна да премине со психичко. Агонијата траеше 3 часа, а можеби и повеќе. Се сеќавам, веројатно после 17 часот, ми стана многу лошо. Легнав на креветот, а единствено нешто што побарав беше да викне брза помош, а тој како кукавица почна да вика „Ти сакаш да ме затворат, тоа ти е целта!“. Јас уште еднаш реков „Те молам викни брза помош“. Тој наместо брза помош го викна внук му Дарко да ме види во каква ситуација сум. Брзо дојде, кога ме виде само извика: „Леле чичо, што направи?!“. Третиот пат му се обратив на Дарко, но и тој се направи дека не ме слуша. Во собата влезе Г. со две таблети и чаша вода. Ги испив таблетите и потонав. Спиев неколку часа, и јас не знам колку. Г. повремено доаѓала да види дали сум жива. Само што се разбудив, Г. дојде во собата и ми донесе вода да се напијам. На уво ми шепна, а за рака ме стегна и ми рече: „Мамо, издржи, уште два дена се во прашање“. Викендот помина мирно.

Понеделник, 9 јануари 2017 година… Господинот ми оставил 10 евра на маса за да ми се најдат. Заминал на работа. Во 6:30 станав, во 6:40 ја разбудив Г. за на училиште. Ја испратив и два часа подоцна ја оставив Л. во градинка.

Влегов во училиштето и се упатив кон секретаријатот. Таму ме чекаше мојата храбра ќерка, заедно со својата класна. Топло ме примија, преку мојот поглед и изглед ја видоа мојата болка. Најбрзо што можеа, контактираа со ХХ (шелтер). Во рок од неколку минути добивме информација дека има слободно место. Потоа следуваа инструкции од куќата на која адреса да се упатиме. Го добивме името на градот каде треба да се симнеме. Најбрзо што можевме, се вративме дома, Г. се упати да ја земе Л. од градинка и јас да пакувам најнеопходни работи за нас. Најбрзо што можев ја известив шефицата моја од работа, со мојот лош германски дека нема да одам повеќе на работа, а таа остана цела во прашалници. Зошто? Како? Што е проблемот? А јас само кратко „домашни проблеми“, во моментов давам отказ. Г. почна да пакува некои нејзини важни работи, а Л. си зема една играчка. Во тој момент, стравот стануваше сѐ поголем и поголем, но не од непознатото што нѐ чека, туку од некој од неговите да не нѐ забележи. Ги земавме сите битни документи, последните 7 евра во џебот и ситните центи од касичката на Г., се упативме кон железничката станица.

Околу 1 часот се качивме во возот. Тоа беше прво качување во воз во Германија. Не знаевме дури ни како да купиме билет од машината за билети. Се симнавме на зададената станица, се упативме кон излезот на железничката станица, таму нѐ пречека една висока плава жена, нѐ поздрави и се претстави. Цело време разговараше Г., која многу добро го знае англискиот јазик и во рок од 6 месеци, со нејзината упорност, добро да го совлада и германскиот. Искрено речено, таа ме водеше во целата ситуација. Од претрпениот страв и стрес не можев неколку денови, можеби и подолго, да се стабилизирам. Конечно стигнавме. Влеговме во куќата, морници ме полазија, но се почувствував сигурно. Ја запознавме главната на бирото. Една крупна, цврста, храбра жена, ни посака добредојде. Прво и основно, нѐ прашаа како сме, дали добро патувавме и дали имаме потреба од нешто. Со Г. прашавме какви се условите тука.

Прво и основно правило: Нема контакт со мажот, мобилните ни беа веќе исклучени за да не може да нѐ најде/лоцира.

Нѐ прашаа дали имаме потреба од пари. Ние рековме да. Извади од фиоката една картичка од 30 евра. Ни ја даде за да можам да купам храна. По еден час и друга жена дојдена во куќата исто како мене, со која се упативме до најблискиот маркет. Купив колку што можев, најважно обезбедив храна за околу една недела. Запознавање со куќата и жените во неа… Секоја жена имаше своја соба со тоалет. Ние се упативме во нашата соба, се распакувавме и останавме да одмориме. Цела ноќ око не затворив, цело тело ме болеше, целата бев со модрици, со скршена верба и надеж.

Тоа беа денови кога ја изгубив сета верба што ја имав кон Бога. За мене од тој ден не постоеја ни празници, ни делници. Следниот ден се симнав во Бирото со сите мои документи (пасошот, социјалните броеви…). Ме прашаа дали имам свое конто и им одговорив не, цела моја плата оди во контото на „господинот“.

Исконтактираа со мојата шефица, ја известија за мојата состојба, жената колку што можеше за сѐ ни излезе во пресрет. Следниот чекор беше социјално. Бидејќи имав работено, ми одобрија. Најважно од сѐ, отидов на доктор за мојата здравствена ситуација. Докторката која ме прими ги виде сите рани на моето тело, имав голема болка и лузна на грбот, вратот не можев да го свртам на десната страна, таа страна ми беше најмногу повредена, исто така, ушната школка ми беше потсечена, увото ме болеше и внатрешно и надворешно. Десното око цело ми беше модро и надуено. Докторката добро ме прегледа, напиша извештај и ми препиша терапија против болки. Немав пари да купам, лекот ми го купија жените од бирото. Не помина ни цела недела, а ќерка ми Г. се запиша во училиште, а Л. во тој период остана во куќата.

Во куќата имаше активности, за секого по нешто. Но, најважно, имав доста време за размислување. Во тој период најмногу ми недостигаше мојот татко, знаев дека ќе биде загрижен, што ме нема да му се јавам. Инаку, со татко ми секој ден се слушав. Во куќата има интернет. По две недели успеав да исконтактирам со брат ми кој моментално живее во Австралија. Кога ме слушна, гласот му затрепери и не му се веруваше. Ме праша дали сме добри. Во меѓувреме, бидејќи татко ми не можеше да нѐ добие, „господинот“ му се јавил и му кажал дека мене ме нема заедно со девојчињата. Мојот татко од Македонија ангажирал Интерпол да ме бара. Но, не можеа никако да нѐ лоцираат. На брат ми му лекна и сѐ му стана јасно, бидејќи знаеше со каков човек бев во брак. Ме праша дали имам потреба од нешто, јас му одговорив дека единствено сум слаба со пари. За тоа не се грижи, ми рече, ќе ти пуштиме. Следниот ден се слушнав и со татко ми. Се израдува, ме праша како сме, ја почувствував болката во душата што ја чувствува за мене, а воедно и загриженоста. Татко ми бил во контакт со „господинот“, но тој не знаел што да му одговори. Наводно му кажал дека нѐ барал насекаде. Татко ми ми пушти пари. Времето минуваше, месецот беше долг како година. Имаше многу жени како мене кои не го знаеја јазикот. Ни обезбедија по 2 часа, еднаш неделно. Со сестра ми долго во ноќта преку мобилниот интернет си пишувавме. Во таа болка, иако беа далеку ги чувствував како да се до мене, давајќи ми надеж секојдневно.

На 22.1.2017 година, во вечерните часови ми се јави татко ми да ми соопшти една вест: Ми рече – сочувство мое, „господинот“ е мртов. Наводно имал некаква незгода и ситуацијата се искомплицирала. Татко ми веста ја добил од внукот Дарко. Јас во тој момент извикав „Тоа не е можно, не е вистина, тоа е прелесна казна, тој мора да плати прво тука на земјата, а потоа таму на небото.“ Во тој момент со собата влезе Г., слушна и почна да плаче. Го исклучив татко ми и за брзо се јавив на првата братучетка на „господинот“ (таа од која побарав помош за градата), инаку нејзиното име е М.

Кога ми го слушна гласот прво и основно што ме праша беше „Каде си бре ти жено, нѐ извади од памет“, а јас и одговорив „тоа тебе да не те интересира“. Бев лута на сите што беа негова фамилија. Кратко ја прашав дали е вистина тоа дека „господинот“ (инаку неговото име е ХХХ) е навистина МРТОВ. Во моментот занеме, по неколку секунди ми одговори „не, не е мртов, имаше несреќа, моментално е во болница“. За да се уверам, се јавив на неговиот брат и тој истото ми го одговори. Сакаше да ме праша каде сум, но го прекинав, му реков „тоа не треба да те интересира“. Одма го известив татко ми, му реков дека тоа не е вистина, „господинот“ е жив.

На 24.1.2017 година ми стигна конто картичката по пошта. Офенталот на Л. истече, требаше да се вади нов, жените од бирото не се замараа многу околу тоа, преокупирани беа со еден куп други проблеми (10 жени, 10 различни проблеми). Не знам што ме натера, можеби мојата совест, го вклучив WhatsApp. Имаше што да видам. „Господинот“ ми пишувал секој ден реферати, реферати, реферати. На долго и широко.

Почнав да ги читам, а како што ги читам така и солзи да ми навираат. Г. и Л. се загрижија и ме прашаа што е проблемот. Сѐ ми се измеша во главата, не знаев што чувствувам – бес, љубов, омраза… Конечната одлука беше моја. Точно на 31.1.2017 година се вративме дома. Кога стигнавме, му потенцирав ова е неговата последна шанса.

Февруари помина брзо, без проблеми, поднесовме документи за офенталот на Л., за еден месец доби нов. Многу често се закачаше, де со мене, де со Г., де со Л., но свесен беше дека не смее повеќе да ме удира. Во една прилика, за да не ме удира, ми го скрши мобилниот.

На 25 мај го прославивме 15-от роденден на Г. Во јуни почнав повторно да работам на старата работа, а со тоа си овозможив и заштеда. Моето конто не смееше да го пипа, тоа беше само за нас трите. Л. го усоврши германскиот со помош на Д., учителка од градинката во која беше запишана. Во јули, „господинот“ замина сам со внуците на одмор во Македонија, воопшто не помисли на тоа и ќерките да ги земе со него. Не можел, немало место. Во периодот додека беше во Македонија, јас ја дознав целата вистина за неговата наводна несреќа. Неговиот омилен братучед Панчо ми ја раскажа целата ситуација. Намерно излажале, а тоа го направиле со цел да дознаат каде сме, а јас му одговорив дека последната моја случка, последниот ќотек што го добив, сѐ уште не можам да го заборавам. А тој ми рече: „Ами мораш!“. Јас го прашав: „Што ќе направевте вие ако јас тогаш умрев?“ „Ти не умре, жива си“ – ми одговори. Јас на тоа возвратив: „Јас умрев тој ден за сите вас, сега пред тебе стои една сосема друга жена“. Не знам колку ги сфати тие зборови, тој си знае.

На 8 август, „господинот“ се врати од Македонија. Точно на 13 август го прославивме роденденот на Л. На самиот ден Л. доби шлаканица толку силна што цела недела имаше модрица на образот. Ќе се запрашам зошто? Затоа што се заглави во тоалетот, не можеше да ја отклучи вратата. Наместо да ја гушне и да ѝ го земе стресот, тој ѝ предизвика дополнителен. Прашање беше кога ќе експлодира. Експлодира точно по три дена.

На 17 август се закачи со Г., ја тресна по окото, очилата и ги скрши, ја стегна за вратот. Ја прекинав целата ситуација, а потоа заминав на работа. Се консултирав со мојата шефица. Таа ме поддржа, следниот ден ги зедов децата и се упативме кон полициската станица. Кога влеговме внатре, се почувствувавме сигурни. Нѐ прими инспектор К., долго се задржавме, додека не дадовме целосна изјава. После тоа следуваше јавување во женските куќи, но за тој ден сите беа зафатени. Ни рекоа да се јавиме во понеделник, тогаш ќе нѐ известат која куќа е слободна. Откако се заврши целата процедура, заедно со инспекторот плус една женска инспекторка и полициско обезбедување, нѐ однесоа во станот. „Господинот“ беше дома. Г. заедно со инспекторите и полицајците се упатија во станот, а јас и Л. останавме надвор. Кога влегле внатре тој останал изненаден, не ја очекуваше оваа ситуација од нас. Инспекторот му постави прашање „Дали ти ја удри ќерка ти по око?“ Првиот негов одговор бил не, а неколку минути подоцна рекол: „Ја удрив, но тоа беше не сакајќи.“ Почнал да се правда. Инспекторот му ги кажал правата: „Во овој момент, отстранет си од домот 10 дена. После 10 дена со дозвола наша можеш да се вратиш тука. Му го одзедоа клучот и го отстранија.

Конечно сами, викендот почнавме да се пакуваме, од една страна среќни, а од друга тажни, бидејќи дома го оставивме нашето домашно милениче. Тој милно нѐ гледаше со неговите прекрасни очиња, сѐ уште душата ме боли. Во понеделникот, се јавивме и добивме место во куќата во која што сме сега.

На 22 август дојдовме во овој нов град. Повторно ми се врати вербата кон Бога. Но, овој пат добив благослов од сите што ги сакам и ни го посакуваат најдоброто во животот.


Идентитетот на авторката на оваа исповед е познат на ЦИВИЛ. Локациите и имињата на личностите поврзани со овие настани се избришани. Преземањето на оваа содржина е дозволен според Условите за користење.

Print Friendly, PDF & Email
Share46Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ