• Latest

Марш на живите во Скопје во сеќавање на депортираните македонски Евреи

March 12, 2018

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Марш на живите во Скопје во сеќавање на депортираните македонски Евреи

March 12, 2018 10:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред Музејот на Град Скопје утрово тргна поворката симболично наречена Марш на живите, во спомен на депортираните македонски Евреи пред 75 години. 

Учесниците на маршот се движат кон зградата на Тутунскиот комбинат (поранешен Монопол) на чествувањето пред споменикот на 7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип, кои во март 1943 биле собрани на тоа место и до крајот на месецот во три депортации со вагони однесени во логорот на смртта Треблинка.

Во поворката ќе учествува и делегација од Владата предводена од премиерот Зоран Заев и заедно со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, кој денеска е во официјална посета на Македонија, ќе се приклучи во Маршот на живите на крстосницата кај Црвениот крст во центарот на Скопје.

На одбележувањето на годишнината пред споменикот на депортираните Евреи во кругот Монопол денеска ќе присуствува и премиерот на Бугарија Бојко Борисов каде што, според најавата, ќе има обраќање зааедно со премиерот Заев и претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо Николиќ.

Подоцна денеска ќе има и седница во Собранието на Република Македонија, кое минатиот понеделник (5 март 2018)  усвои Декларација посветена на 75 години од депортацијата на Евреите од Македонија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: депортацијаевреиМарш на живитеСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ