• Latest
Самуел Жбогар. шеф на ЕУ Делегацијата во Скопје

Жбогар: Законот за јазиците ќе ги подобри односите во земјата и ќе ја врати реформската агенда

March 19, 2018

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Жбогар: Законот за јазиците ќе ги подобри односите во земјата и ќе ја врати реформската агенда

March 19, 2018 13:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Самуел Жбогар. шеф на ЕУ Делегацијата во Скопје

Самуел Жбогар. шеф на ЕУ Делегацијата во Скопје

Share on FacebookShare on Twitter

Донесувањето на законот за јазиците ќе ги подобри односите помеѓу зедниците и ќе ја врати земјата на реформската агенда, е оценка на евроамбасадорот Самуел Жбогар, подвлекувајќи дека ЕУ се оптимисти во спроведувањето на законот.

Шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија одговарајќи на новинарско прашање околу законот кој минатата недела беше донесен во Собранието појасни дека меѓуетничките односи во мултиетничките општества треба константно да бидат негувани и да растат со што се подобрува климата на соживотот во едно општество.

„Јас разбирам дека законот за јазиците е важен за Албанците и тие го гледаат како последниот чекор, кој произлегува од Охридскиот рамковен договор. Донесувањето на овој закон за Албанците е од важност бидејќи така се чувствуваат поценети и прифатени во општеството и самата земја“,  рече Жбогар.

Според евроамбасадорот во случај кога правата на една, немнозинска заедница се подобруваат тоа не би требало да им пречи или да се меша со правата на мнозинската заедница.

„Мислам дека мнозинската заедница не би требало да се почувствува дека на кој било начин нејзините права се загрозени. Чувствувам дека кај мнозинската заедница постои таков страв. Ние како ЕУ одблиску го следевме донесувањето на законот за јазиците и очекуваме тој да биде испратен до Венецијанската комисија, како впрочем и беше наведено во планот 3-6-9. Се надеваме дека овој закон ќе започне со имплементација и целосно почитување на европските стандарди и европските позитивни практики. Секако, очекуваме и дека имплементацијата ќе биде почитувана од сите чинители во општеството и во близок дијалог“, подвлече амбасадорот Жбогар.

Тој очекува законот за јазиците да стапи во сила поскоро, со што, како што нагласи, ќе им се даде простор на Собранието и Владата да се фокусираат на европската агенда, која треба да биде приоритет.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: закон за јазициСамуел Жбогар
Share65TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ