Веќе во првиот час по објавувањето, неколку илјади луѓе го прочитаа интервјуто со Џевдет Хајредини. Повеќе читатели веднаш реагираа на социјалните медиуми. Еден читател реагираше со лично сведоштво во коментарите:
„Десетина денови пред да ме затворат во 2013, ми пријде СМ (од случајот „Диво Насеље“) и ми кажа: „Кога Груевски има проблем со АА (се мисли на Али Ахмети), ме повикува мене и му ги покажуваме документите дека е шпион на КОС“.
Ова го знам одамна, а го знаат и некои од „Диво Насеље“ кои се наместени за да нема сведоци против АА.
За ова, во тоа време пишуваше и весникот на албански јазик „Лајм“ кој беше забранет во многу продажни места па мораше да се купува под рака. Во притворот во Шутка не го носеа, иако еден беше претплатник. Таму се јавуваа и луѓе од дијаспората кои јавно, со аргументи, збореа против АА. Никој овие тврдења никогаш не ги демантираше, сигурно од страв да не привлечат внимание и да не донесат нови и нови докази.
Изборите ДУИ не ги добиваше на гласачките места туку во записниците. Тие записници се одземаа веќе во 19 часот (ако не и порано) и се впишуваа бројки кои не одговараа на вистината.
Сето тоа им одговараше и на ВМРО и на ДУИ. Така се случи и последните избори, кога ЦИВИЛ побара да се пребројат гласовите, на што сите останаа глуви.“