• Latest

(Не)правдата за Алмир заврши во контејнер!

March 23, 2018
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

(Не)правдата за Алмир заврши во контејнер!

March 23, 2018 12:34
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сакате ли да се врату одма у затвор…?“ Вака по излегувањето од затворот во Шутка, пред очите на полицијата, триумфално му се закани убиецот Бобан Илиќ, на новинарот на ТВ 21, оти го прашал дали чувствува грижа на совест за убиството на малиот Алмир. (За жал, реакција и осуда за заканите не видов ниту од ЗНМ, ниту од Владата).

Пишува: Дехран Муратов

Тие зборови постојано ми одекнуваат во ушите. Да Бобан, сакаме да се вратиш во затвор! Тоа го бараа(т) десетици илјади граѓани и граѓанки кои беа на протестoт пред Владата и стотици илјади, кои не беа во можност физички да присуствуваат.

Демонстрантите извикуваа „Уаааа!“, „Нема правда – нема мир“, „Правда за Алмир“… Тие носеа транспаренти со покажан среден прст, како илустрација на нечовечкото однесување на братот на убиецот, кој по ослободителната пресуда, пред судот во Куманово, на семејството на Алмир и особено, на правната држава, им покажа среден прст!

Дали обвинителката сигурно е горда на преквалификувањето на делото? Дали мирно спие, без грижа на совест, бидејќи смртта на Алмир ја преквалификува во сообраќајна несреќа?

Како пример ќе наведам, доколку во полн автобус, или во полна дискотека, или на Бит-пазар, случајно некој му згазне некому врз нога или несакајќи – го турне, веднаш му се извинува и бара прошка. Но, во овој случај, видовме колку браќата се каат за „сообраќајната незгода“, па мораа со јадење, пиење и со музика, да се „искупат“ за гревот!

Коментарите на социјалните мрежи беа дека протестот бил националистички, дека не требаше да има транспарент со куршум во чело на обвинителот Љубомир Јовевски, дека албанското знаме беше поставено на оградата на Владата…

Не им забележувам на Фејсбук „експертите и активистите“, меѓутоа, не можам да ги сфатам останатите кои знаат дека на секој протест, секогаш има некој индивидуалец или одредена група, што не се придржуваат на правилата и наметнуваат нивни барања и потреби. Организаторите на протестот сепак, беа на највисоко ниво, не потпаднаа под (политичкиот) притисок да говорат само на албански јазик, ризикуваа дури и физички да бидат нападнати, бидејќи им се спротивставија на лицата (патриоти) кои го поставија албанското знаме пред Владата – и побарааа веднаш да го тргнат, цело време ги молеа демонстрантите да се тргнат од просторот наменет за медиуми, за да може новинар(к)ите, камерман(к)ите и фотограф(к)ите, непречено да си ја извршуваат задачата…

Тешката „Грујова капија“ (онаа, пред Владата, која сегашната власт вети дека ќе ја отстрани), сепак, беше затворена и граѓаните повторно протестираа на улица, како во добрите времиња на Шарената револуција! А пред затворената капија имаше поставено полицајци, додека специјалците беа затскриено стационирани, на готовс, со цела воена опрема!

Затворената капија беше „накитена“ со играчки и пораки за правда за Алмир. Браво за генијалните умови, особено за активистите и борците за човекови права и слободи (сега позиционирани во Владата, како специјални или обични советници) на кои им текна – играчките на Алмир и пораките на демонстрантите да ги фрлат во контејнер! Гласот на народот и барањата за правда, завршија во ѓубре! Во најмала рака, тие Пи-Ар генијалци можеа да ги дадат играчките во домовите за деца без родители, во градинките каде што се сместени децата од улица…

Кога правдата завршува во контејнер и кога ѝсе покажува среден прст, тогаш граѓаните правдата ја земаат во свои раце! Да не дозволиме тоа да се случи! Законите, судовите, правната држава…, рационалноста мора да надвладеат!

Tags: АлмирвладаконтејнернеправдаПротест
Share214TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ