Во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, денеска ќе се одржи семинар на тема „Неутрализирање и намалување на емисијата на јаглерод во меѓународниот воздушен сообраќај”(CORSIA).
На семинарот кој е под покровителство на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) ќе се обрати министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, а ќе учествуваат и првите луѓе на Организацијата, како и преставници на воздухопловните власти од 60 тина земји, од Европа и светот.
Извор: МИА