• Latest

Димитров и Коѕијас се подготвуваат за Виена

March 29, 2018

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров и Коѕијас се подготвуваат за Виена

March 29, 2018 08:28
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

И Македонија и Грција сакаат достоинствено решение за спорот со името, кое ќе биде плод на компромис и на почитување на интересите на двете страни.

Ова го потенцираат официјалните претставници на двете земји непосредно пред новата рунда преговори за името, која треба да се одржи утре во Виена. Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас непосредно пред средбата со посредникот на ОН Метју Нимиц повторија дека сакаат да се најде компромис и конечно да се реши спорот.

Сложено име со географска одредница, за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав е позицијата на Грција. Македонската страна останува на ставот дека слеано име не е најдостоинственото решение, особено не непреведено и секако прашањето да се реши преку меѓународен договор, а не со промена на највисокиот правен акт на државата.

– Името треба да биде сложено со географска одредница, со придавка и да разграничува дека не станува збор за грчката Македонија и да не содржи иредентистички елементи е ставот на официјална Атина, кој го изнесе шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров нагласи дека географската одредница е прифатлива, но за дистинкција од територијата во Грција, а не за обезличување на македонскиот јазик, народот и државата.

Никола Димитров

Димитров повтори дека за македонската страна неприфатливо е слеано пишување на одредницата со името Македонија, а исто така предочи дека е неприфатливо и име без превод.

Потенцира дека Македонците мора да бидат Македонци, кои го зборуваат македонскиот јазик. – Тој страв мора да биде покриен соодветно за воопшто ние да можеме да се отвориме за географска одредница. И тоа што јавно го соопштивме за географска одредница е врзано, односно не е безусловено. Исто така таа географска одредница не може да биде недостоинствена. Практично ова го нема во слеаното име, рече Димитров.

– Треба да најдеме сложено име што ќе ја изразува посебноста и географската позиција на оваа држава, а во исто време нема да навредува ниту една од двете страни, изјави Коѕијас.

никос коциас

Повтори дека е за сложено име кое треба да важи за сите, за сите односи, односно и за внатрешноста. Да важи и да биде изразено со меѓународниот договор што ќе се потпишеме во ОН и со промените што треба да се направат во Устав.

Говорејќи за промената на Уставот, рече дека е неопходна не само бидејќи тоа е грчко барање и гаранција за Атина, туку и за внатрешни гаранции и за некоја идна влада, затоа што „следниот Груевски 2“ ќе излезе со обвинувања.

Димитров истакна дека од Виена нема очекувања, туку надеж. – Се надевам дека ќе направиме напор да се придвижиме, да направиме исчекор, вели тој.

Тој најави дека Владата по виенската средба, ќе го свика државниот врв и лидерите на најголемите партии на лидерска средба.

Поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос и лидерот на партијата Река Ставрос Теодоракис вчера исто така излегоа со став за името.

Венизелос, прв пат рече дека името би требало да биде „по можност непреведено“, сложено за севкупна употреба, односно и во внатрешноста и во меѓународните и билатералните односи, дури и со оние земји кои веќе ја имаат признато Македонија под уставното име.

Венизелос  .jpgКако професор по уставно право, Венизелос, детално и опширно ги анализираше правните и политички димензии на решението, односно како да се обезбедат правни и политички гаранции во евентуалниот договор меѓу двете земји. Тој смета дека еден меѓународен договор, гарантиран од Советот за безбедност на ОН има поголема тежина, но вели дека сепак, потребни се и уставни промени во Македонија.

Лидерот на партијата Река, Теодоракис, рече дека е потребно да се изнајде решение, да не се повторат грешките од минатото и да се изгуби шансата што постои за затворање на проблемот.

Ставрос Теодоракис

Упати критики до грчката Влада, велејќи дека наместо единствена позиција, има две и пол линии. Едната на премиерот, другата на министерот за одбрана и „една различна нијанса на министерот за надворешни работи во одбрана на линијата на премиерот“.

Портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос нагласи дека топката „сега е на теренот на соседите и оти треба да направат уште неколку чекори за да стигнеме до договор“.

– Сметам дека е факт оти има политичка волја и од двете страни, но сепак постојат прашања што не се едноставни, не се од технички карактер, а главното е прашањето за уставна ревизија за да се покрие предусловот на ерга омнес. вели портпаролот на грчката Влада.


Извор: МИА

Tags: ВиенаГрцијаимеМакедонијаНимицПреговорирешение
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ