„Крик на жената“ (Woman Scream) e меѓународен фестивал на поезијата и уметноста што секоја година се одржува во март, ширум светот. Во Скопје, годинава фестивалот се одржа по трет пат, по мотото „20 дена по 8-ми Март, шчо напраифме?“.
Освен поетско читање на кое преку стихови, а во чест на мајките како водилки на новите генерации, посветени на живот без насилство и родова рамноправност и на мајките кои ги изгубиле своите ќерки, кои биле жртви на насилство, го пренесоа својот крик поетесите и поетите од Србија и Перу.
На поетското читање од Македонија учествуваа Џабир Дерала од ЦИВИЛ – Центар за слобода, Оливера Доцевска, Елена Пренџова, Атанас Чупоски, Анета Василева, Пунторие Муча Зиба, Ирена Јурчева, Сања Атанасовска и Ана Љубиќ.
Џабир Дерала своите стихови „Смртта беше таму, во мојата соба“(Death was there in my room) од збирката „Апокалипса“ (Apocalypse) ги посвети на Мирослав Стојановиќ – Шуки, академски сликар, мултимедијален уметник и активист, но пред сè другар и колега, долгогодишен член на Извршниот комитет на ЦИВИЛ – Центар за слобода и директор на организациската единица за општествено-политички одговорна и критичка уметност и култура ЦИВИЛ Арт, кој во јануари оваа година ненајдено почина.
Организаторите на меѓународниот фестивал „Крик на жената“ на крајот доделија сертификат за учеството и поддршката на сите учесници за нивниот „крик“ за живот без насилство.
Биљана Јордановска