• Latest

Дрво за секое новородено дете

April 2, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дрво за секое новородено дете

April 2, 2018 13:01
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Родителите на секое новородено дете во Скопје од сега ќе можат да засадат дрво во некои од градските паркови, скверови, дрвореди… На дрвото ќе има плочка со името на детето и датумот на раѓање. Со оваа акција ќе се придонесе за зголемувањето на зеленилото во градот Скопје. 

За оваа цел градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и претставници на гинеколошките клиники во Скопје потпишаа Меморандум за соработка за реализација на проектот „Дрво за секое дете“.

– Како што ветив во предизборната кампања ја почнуваме реализацијата на овој проект заедно со ЈП „Паркови и зеленило“ и Гинеколошко акушерските болници. Преку овој проект им овозможуваме на нашите сограѓани да засадат дрво во чест на раѓањето на нивното бебе. На дрвото ќе има плочка со името на детето и датумот на раѓање, истакна Шилегов.

Секоја мајка по раѓањето на детето во некоја од гинеколошките болници ќе добива честитка, на која ќе има и код со кој ќе може да аплицира за засадување дрво.

Дрвото на новороденчињата ќе биде посадено во сезонска акција на некоја расположлива локација по избор на родителите.

Во моментов, како што информира Шилегов, има 18 расположливи локации.

По напуштање на клиниките родителите ќе треба да го пријават добиениот код на 071 395 395.

Меморандумот за соработка го потпиша Градот Скопје со ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство – Чаир и Одделите за гинекологија на Аџибадем Систина и Ремедика.


извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: детедрвоновороденчеСКОПЈЕ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result