• Latest

Јорданоски: Скандалот со АМС е срамна епизода која треба да нѐ освести, освен што нѐ згрози

April 2, 2018

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јорданоски: Скандалот со АМС е срамна епизода која треба да нѐ освести, освен што нѐ згрози

April 2, 2018 18:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поттикнати од коментарот на Жарко Јорданоски, уредник во Слободен печат, на неговиот фејсбук профил за неодговорноста на директорот на Агенцијата за млади и спорт, за поезијата која се фалсификува, за непочитувањето на својот и националниот интегритет, наспроти „сечењето вени за името“, побаравме негов коментар за скандалот со книгата во издание на АМС и отчетноста која ја побараа политичките субјекти, не само од Дарко Каевски, директорот на АМС, туку и од Владата.

„Порано гледавме многу гадости, а сега повеќе глупости и тоа е еден мал напредок на новата власт. Ова е еден мал скандал кој покажува на големата конфузија и дезорганизација на новата власт, недоволна координираност во разни владини тела и органи кои постојат. Може да се очекуваат уште многу вакви ситници кои ќе зборуваат за недоволната контрола и самоконтрола… Мене ми падна во очи што и самиот министер за култура, Алаѓозовски, во една прилика кога го прашаа дали ќе проверуваат што сѐ ќе биде реализирано од програмата за култура, изјави дека  тука е народот кој ќе гледа, контролира и ќе сигнализира што не е во ред“, изјави Јорданоски, за ЦИВИЛ Медиа.

Јорданоски посочи дека самата ситуација покажува отсуство на проверка и балансирање, враќање наназад на она што е направено и како било направено, што е одлика на развиените демократски земји.

Тој, исто така, изрази задоволство што целата приказна потекна од цивилното, како што вели, новинарство, од читател што случајно ја прочитал книгата и забелешките ги пласирал јавно, на Фејсбук.

„Сето ова доведе до изјава на премиерот и Владата дека имаат разбирање за грешките, да бараат гаранции дека нема да се повторат… се создава впечаток на несериозност. Мислам дека не мора да заврши со оставка, но треба да заврши со едно освестување дека функционирањето е еден многу напорна, технолошки, работа и импровизациите доведуваат до вакви афери и скандали кои носат само негативен публицитет на власта“, изјави Јорданоски.

Јордановски истакна дека тоа што самиот „камуфлиран“ автор на спорните стихови стои зад нив, покажува во каква психотична состојба во која функционирањето на општеството ги доведува луѓето.

„Ова е една мал срамна епизода која треба да нѐ освести, освен што нѐ згрози“, истакна Јорданоски.

Што се однесува до одговорноста, тој смета дека директорот на АМС требал самиот да си поднесе оставка, а не да чека да биде повикан од јавноста.

„Кај нас оставка се дава пред „смртен грч“, како да е тоа крај на светот, наместо да биде прва реакција која ќе ги анулира јавните емоции кога повторно ќе се појави ваков случај“, заклучи Јорданоски.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов


Каевски денеска недостапен за скандалот со „Млади поети“

Блажевски: Не чувствувам никаква одговорност

Комисијата се оградува од скандалозните содржини во проектот на Агенција за млади и спорт

Tags: АМСЖарко ЈорданоскиМлади поетискандал
Share59TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ