• Latest

4 април низ вековите

April 4, 2018
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

4 април низ вековите

April 4, 2018 07:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

188.- Роден е римскиот цар Марко Аурелиј Север Антонин Август Каракала, еден од најпознатите тирани во римската историја. Со татко му Септимиј Север владеел од 198 до 211 година, а потоа сам, крајно сурово, го погубил дури и својот брат, додека и самиот не бил убиен во 217 година. За да го ублажи незадоволството, главно во провинциите, во 212 година им дал граѓанско право на сите граѓани на Римското Царство кои се родени како слободни.

1617.- Умрел шкотскиот математичар Џон Непер кој ги пронашол логаритмите и ги објавил принципите за нивно пресметување.

1786.- По углед на Француската академија, шведскиот крал Густав Трети ја основал Шведската академија позната во светот по тоа што ја доделува Нобеловата награда за литература. Прв добитник на Нобеловата награда за литература бил францускиот писател Рене Сили Придом (во 1901 година).

1896.- Роден е американскиот писател Роберт Еме Шервуд. Дела: „Идиотска радост“, сценарио за филмот „Духот патува на запад“, „Најубавите години на нашиот живот“.

1945.- Во Скопје излегол првиот број на весникот „Флака е влазеримит“ („Пламен на братството“), прво гласило на албански јазик во Македонија.

1949.- Во Вашингтон, министрите за надворешни работи на САД и на 11 западноевропски држави го потпишале Атланскиот пакт (НАТО), воен договор, со кој била создадена силна воено-политичка формација на западните сојузници.

1968.- Во Мемфис, во американската сојузна држава Тенеси, убиен бил Мартин Лутер Кинг, борец за граѓански права и за мир. Целиот свој живот, упорно работел против расната сегрегација, беззаконието и поделеноста. Добитник бил на Нобеловата награда за мир во 1964 година. Во 1967 година ја предводел колоната од околу 300.000 демонстранти во големиот „Марш на мирот“ во Њујорк, протестирајќи против американската војна во Виетнам. Роден бил во 1929 година.

1969.- Во Хјустон, САД била извршена првата операција за вградување на вештачко срце во човековиот организам. Четириесет и осумгодишниот пациент умрел по четири дена.

1979.- Во Пакистан бил обесен поранешниот премиер Зулфикар Али Буто, соборен од власт во јули 1977 година со воен удар на генерал Мохамед Зије ул Хак. Судот на диктаторскиот режим на Зије го осудил на смрт под обвинение дека наредил убиство на политички противници.

1983.- Умрела американската театарска и филмска актерка Глорија Џозефина Меј Свансон, која се прославила во времето на немиот филм, но и на тонскиот филм „Булевар на самракот“, снимен во 1950 година. Останати филмови: „Машко и женско“, „Кралицата Кели“, „Госпоѓата Сан-Жен“.

1986.- Израел побарал увид во документацијата на комисијата на Обединетите нации за воени злосторства за поранешниот генерален секретар на Светската организација, Курт Валдхајм.

1988.- Во Скопје умрела Славјанка Влахчева, прва медицинска сестра во Македонија и основач на првото училиште за медицински сестри во Македонија. Родена била во Штип, во 1900 година.

1991.- Умрел швајцарскиот писател Макс Рудолф Фриш, либерален интелектуалец. Дела: романите „Штилер“, „Хомо фабер“, „Името нека ми биде Гантенбајн“, драмите „Кинески ѕид“, „Гроф Едерланд“, „Дон Хуан или љубов според геометрија“, „Андора“, „Биографија“.

1996.- Судијата на италијанскиот врховен суд наложил на поранешниот германски СС-капетан Ерих Прибке, кој се бранел со фразата дека „само ги извршувал наредбите“, мора да му биде судено поради одговорноста за масакрот на 335 италијански цивили во Втората светска војна во 1944 година, во Ардеатинските пештери близу Рим.

1997.- Умрел рускиот писател Владимир Алексеевич Солоухин. Дела: збирка песни „Човек со цвеќе во рацете“, „Да се живее на земја“, „Аргумент“, „Лирика“, „Сонетен венец“, „Владимирски патеки“, „Капка од роза“, „Писма од Рускиот музеј“, „Време за собирање камења“, „Мед на леб“, „Продолжение на времето“.

1998.- Во експлозија на метан во украинскиот рудник за јаглен „Скачинско“ во областа Доњецк, загинале 63 рудари.

2007.- Загинал Роберт Кларк, американски филмски режисер. Кларк, познат по филмот „Божикна приказна“, настрадал во сообраќајна несреќа на автопатот на западниот брег на САД, во близина на Лос Ангелес. „Божиќна приказна“ (1983) е филм кој во САД редовно се прикажува за време на божикните празници.

2011.- Во Софија умрела Доста Димовска, директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Димовска била родена на 17 февруари 1954 во Скопје. Завршила Филозофски факултет во Скопје, каде работела и како стручен соработник. Таа е позната поетеса и политичар. Нејзината политичка кариера почнала во 90-тите години на минатиот век. Димовска била на високи државни и партиски функции. Во 1991 била избрана за заменик-претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата во Прилеп. До 1994 била пратеник, а во тој период раководела со парламентарната Комисија за меѓународни односи. Во 1998 година Димовска била избрана за вицепремиер во кабинетот на Љупчо Георгиевски. Од декември 1999 година до мај 2001 година била министер за внатрешни работи. Во 2002-та година поднела оставка од партиските функции. На 25 февруари 2002 година била назначена за директорка на Агенцијата за разузнавање, а функцијата ја напуштила на 5 мај 2003 година. Од почетокот на 2007 година Доста Димовска беше директор на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија.


извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: времепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ