• Latest

Охриѓанецот Груев со уште едно светско научно откритие – метода за глобално позиционирање под вода

April 7, 2018
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Охриѓанецот Груев со уште едно светско научно откритие – метода за глобално позиционирање под вода

April 7, 2018 11:04
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Охриѓанецот Виктор Груев, доктор на науки и професор по електроника и компјутерско инженерство на Универзитетот во Илиноис, САД, повторно е во фокусот на интерес кај светската научна јавност со уште едно вредно научно откритие.

Професорот Груев кој се наметна пред јавноста во глобални рамки со неговиот пронајдок на специјални очила што ги прават видливи канцерогените клетки, овојпат е на прагот на откритие на специјална метода што има голем потенцијал во иднина да биде основа за изнаоѓање начин за подводно GPS позиционирање.

Груев изработи специјална камера што функционира на база на поларизација на светлината, овојпат инспириран од начинот на кој функционира сетилото за вид кај посебна врста морски ракови (Squilla Mantis‎).

Науката ги има прогласено тие ракови за шампиони кога станува збор за нивниот вид, со сложени очи во кои има 16 типови рецептори на светлината, наспроти само трите колку што ги има човековото око. Раковите и нивната способност да вршат диференцијација на сите шест типови поларизирана светлина беа инспирација за Груев да се обиде да ги копира при изработката на неговата специјална камера.

Професор Груев во изјавата за МИА појаснува дека неговата камера може да ја гледа поларизацијата на светлината под вода и преку обработка на подводната светлина да се обезбеди пасивно глобално позиционирање во водните пространства. Тоа би овозможило услови за разработка на системи за подводна навигација, како и практични начини за следење на миграциските движења на живиот свет под вода.
Самата камера работи врз принцип на анализа на начинот на кој се одбива или прекршува светлината кога минува низ површината на водата или се одбива од самата вода на молeкуларно ниво.

– Во соработка со биолози што се занимаваат со подводни истражувања во целиот свет, обезбедивме податоци за начинот на кој се поларизира светлината при што се утврдени поларизациски матрици што постојано се менуваат. Тоа беше дијаметрално спротивно на она што биолозите дотогаш го мислеа по однос поларизацијата на светлината, кои сметаа дека менувањето на поларизацијата на светлината е последица на дефект на мојата камера односно опремата. Проверката на опремата покажа дека истата е исправна, што укажа на можноста дека се работи за феномен што вреди да се истражи, изјави Груев.

По враќањето во лабораторијата тој и неговиот докторант Семјуел Пауел утврдуваат дека поларизација на подводната светлина е последица на релативната местоположба на сонцето наспроти местото каде се вршени испитувањата. Притоа тие пронајдоа дека врз база на подводните мерења со специјалната камера која е чувствителна на поларизацијата на светлината може да се утврди позицијата на сонцето, со што би се утврдиле координати на местото доколку се знае и времето кога е вршено снимањето.

– Ја тестиравме нашата метода за GPS позиционирање со употреба на нашата камера и електрoнски компас, по пат на мерење и следење на подводната поларизација на повеќе локации низ целиот свет, на различни длабочини, временски услови и во повеќе временски фази во текот на денот. Дојдовме до октритие дека со нашата метода може да се врши глобално позиционирање со точност до 60 километри. Тоа е доста скромно во споредба со класичните методи на глобално позиционирање кои ги користиме секојдневно со нашите мобилни телефони, но е многу повеќе кога се работи за позиционирање на големи длабочини каде класичниот GPS воопшто не функционира, вели Груев.

Мерањата ги има спроведено низ повеќе локации во целиот свет, од САД, преку Аргентина, Мексико, Австралија до Македонија, поточно во Охридското Езеро.

– Дел од мерењата сакав да ги правам што поблиску до Јужниот односно Северниот пол, бидејќи на тие локации знаев дека ќе имам помала помала прецизност за GPS методот што го направивме. Така се одлучив за Австралија и Аргентина. Се разбира дел од истражувањата ги правев и во Охрид, каде заедно со нуркачкиот тим на клубот „Амфора“ направивме феноменални мерења. За да ги направам нив носам опрема со тежина од околу 30 килограми, изјави Груев, со забелешка дека од сите места во светот каде вршел мерења проблем со опремата имал единствено на скопскиот аеродром, каде никој не му верувал дека се работи за негов изум…

Откритието на Груев може да отвори широк спектар за практична употреба на системот за глобално позиционирање, нови хоризонти во искористувањето на поларизираната светлина при подводното позиционирање.

– Со нашиот метод може да се разработи систем за лоцирање исчезнати авиони, а електронска опрема со сензори врз база на користење податоци добиени преку поларизацијата на светлината можат да бидат релативно евтин начин за подводни истражувања, секако далеку поефикасна од постоечката, вели Груев.

Една од неговите замисли е да се направи минијатурна верзија на неговата камера во која ќе има доста сензори, како на пример за мониторирање на загаденоста на водата. Минијатурната платформа ќе може да определи колкава е загаденоста на Охридското Езеро и како се менуваат параметрите во текот на целата година.

– Насекаде гледаме промени во климата, вклучувајќи силни ветрови што носат песок од Сахара во езерото. Каков е ефектот на сите тие промени врз подводниот свет на езерото не е познато. Што можеме ние да направиме за да ја заштитиме таа оаза што ја имаме во Охрид? Со помош на оваа и слични технологии можеме да имаме позитивен импакт, изјави професор Груев.

Исто така методата може да се искористи и научни цели, за следење и утврдување на начинот на кој се одвиваат миграциските процеси кај одредени видови морски животни.

– Желките или јагулите веројатно поседуваат органи и сетила што им помагат шри миграцијата во текот на нивниот животен циклус, помагајќи им просторно да се снаоѓаат низ огромните водни пространства и непогрешливо да дојдат до местото каде се размножуваат или точно на самото место каде се родиле. Охридската јагула е еден пример на животно кое патува до Саргасовато Море и назад. Кој е начинот на навигација кај тие животни да одат од Охрид дури до Карибите? Можеби користат комбинација на мaгнетни сензори и сетила за мирис во тој процес, но секако тука се отвара и можноста да го користат токму и начинот што ние го разработуваме – визуелна навигација преку информациите добиени од поларизирањето на светлината, вели Груев.

Друг аспект на практична употреба на новата технологија би бил потенцијалот за истражување на начинот на кој загадувањето на морињата и океаните влијаат врз миграторните рути кај организмите чии сетила за вид функционираат врз база на поларизираната светлина. Можеби и примерите на насукување на китови на некои плажи во светот каде никогаш претходно не се забележани се токму последица на нивната збунетост предизвикана од загадувањето на морињата што прави збрка во начинот на кој тие ја утврдуваат својата позиција.

Најновото откритие на професор Груев наиде на голем интерес кај светските медиуми, специјализираните научни списанија објавуваат детални информации за новата метода за која се смета дека претставува револуција во начинот на истражување на водните пространства на Земјата, уште повеќе што токму морињата и океаните заземаат две третини од планетата, а се најмалку истражени.

Во моментов се планира снимање документарен филм за „Дискавери“ каналот и за научната програма на „Би-Би-Си“ за неговите фундаментални откритија во технологијата и медицината.

Александар Бачиќ

Извор: МИА

 
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Груевнаучно откритиеОхридподводно ГПС позиционирање
Share50Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ