• Latest

Со чесен договор за 20 години нема да има никакви двоења

April 9, 2018

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Со чесен договор за 20 години нема да има никакви двоења

April 9, 2018 13:22
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Потребно е да се најде решение на проблемот со името, а со еден чесен договор, нема да постојат никакви двоења, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина, Никос Мерѕос, грчки писател, историчар, новинар, поранешен советник на неколку грчки премиери и поранешен претседател на грчкото „Друштво за македонски студии“.

– Потребно е да се најде решение. Точка. Ова требаше да се заврши уште во 1992-1993. Тогаш разговарав јас со Глигоров, бевме многу блиску. Второ, треба да се стабилизира и вашата држава и нашата држава. Затоа што овие работи се меѓусебно поврзани. Им велам, Вардар стигнува до Солун, во ред, ние едната половина ја нарекуваме Аксиос, но е истата река. Треба да најдеме решение и едниот народ да не го навредува другиот. Особено посилниот да не го навредува послабиот, но и послабиот да покаже разбирање, да покаже вистинско пријателство. Јас сум сигурен, убеден сум, од она што го имам поминато во животот, дека ако се постигне договор, со чесен договор, за 20 години нема да постојат никакви двоења, објаснува Мерѕос.

Мерѕос во изминатиот период, преку текстовите и обраќањата во Грција, повикува да се реши проблемот, а неговиот став се поклопува со оној на грчката влада – договор со сложено име.

– Решението треба да биде со сложено име. Ние викаме Македонија е грчка, јас сум Македонец – Грк, Борисов е Македонец – Бугарин. Има Евреи – Македонци. Вие сакате монопол, само-идентификувајте се како што сакате, но да се разликува еден од друг, вели Мерѕос во разговор со дописничката на МИА од Атина.

Во однос на тоа дали името треба да биде на македонски јазик, без превод, според грчкиот писател би било добро да е така, но не е нешто што е задолжително.

– Добро ќе биде да е на вашиот јазик. Но, ако една странска земја, сака да го преведе името на пример North Macedonia, што ќе правиме? Ќе ја тужиме?, коментира Мерѕос.

Во март 2016, околу 100 македонски студенти, заедно со седум професори со цел подобро запознавање, градење доверба и пријателство, меѓу младите, но и воспоставување соработка меѓу академските заедници, беа во тридневна посета Солун, по покана на невладината „Друштво за македонски студии“, чиј прв човек, во минатото, беше токму Мерѕос. Навраќајќи се на тридневната посета, тој вели дека била многу корисна и испратила пријателска порака кон Грција.

– Беше многу добро искуство. Затоа што пораката не беше кон студентите, пораката беше кон Грција, и за тоа имам пишувано и сега, кога излегоа со знамињата. Им велам соседи сме, сакате – не сакате ќе живееме заедно, вели грчкиот писател и новинар и потенцира дека е корисно почесто да се одржуваат вакви средби.

Оние за кои Мерѕос вели дека „излегоа со знамињата“, всушност се демонстрантите што во Солун и Атина „го бранеа името Македонија“, а кои Мерѕос, како што вели за МИА, ги повикува за време на викендите да дојдат во Солун да прошетаат и да видат дека повеќето се македонски туристи кои воопшто немаат намера „да го ослободат Солун“.

Според медиумите во Грција, Мерѕос бил еден од организаторите на протестите за Македонија во 1992- та, 26 години подоцна, не ги поддржа демонстрациите во Солун и Атина и континуирано вели, истото она што го кажува и за МИА, дека е потребно да се постигне договор со сложено име.

Пред две седмици, Никос Мерѕос, во грчкото МНР ја промовираше неговата нова книга „Македонското прашање“, а на промоцијата, како што тогаш објави МИА, говореа шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос и лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: интервјуМерѕос
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ