• Latest

Ако Сирија ја преминала „црвената линија“ ќе има соодветен одговор

April 10, 2018
Креирано со помош на ВИ

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ако Сирија ја преминала „црвената линија“ ќе има соодветен одговор

April 10, 2018 10:08
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако во Сирија „е премината црвената линија, ќе има соодветен одговор, изјави денеска портпаролот на француската влада, Бенжамен Гриво.

Тој додаде дека размената на информации меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот американски колега Доналд Трамп „априори потврдува дека било користено хемиско оружје“.

„Ако биде утврдено кој е одговорен, претседателот на Републиката веќе неколку пати напомна  дека, ако е пречекорена црвената линија, ќе има соодветен одговор“, изјави Гриво за радиото Европа-1.

Тој нафласи дека Макрон и Трамп им дале инструкции на своите тимови да продолжат со истрагата.

„Претседателот на Републиката повторно ќе разговара со претседателот Трамп  во следните 48 часа“, рече Гриво.

На прашањето дали ќе се одржи закажаната посета на Макрон на Русија кон крајот на мај, со оглед на развојот на сириската криза, Гриво изјави дека засега таа официјална посета не е доведена во прашање.

„Треба секогаш да се разговара, дури и кога има несогласувања. Тоа е принципот на мултилатералната политика. Не треба едни да бидат изолирани, а други – не. Но,  треба да се признаваат и одговорностите и на едните и на другите, особено во тој регион, каде големите регионални сили имаат влијание – независно дали е тоа Турција, Иран или Русија“, рече портпаролот на француската влада.

Претходно, Белата куќа ја обвини Русија дека не ја почитува обврската која ја презела, оти ќе стави крај на сириската програма за хемиско оружје, во контекст на нападот во Сирија во текот на викендот, за кој постои сомнеж дека е извршен со хемиско оружје.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека тој напад е во согласност со шемата за користење на хемиско оружје, која ја воспоставил претседателот на Сирија, Башар ал-Асад, како и дека Русија и Иран, исто така, сносат одговорност за материјална помош на владата во Дамаск.

„Сега е јасно оти Русија ги предаде обврските дека ќе го гарантира крајот на сириската програма за хемиско оружје на сирискиот режим“, рече Сандерс.

Претседателот на САД, Доналд Трамп претходно синоќа јавно го осуди „нападот со хемиско оружје“ на сирискиот град Дума, нарекувајќи го „гнасен” и најави дека потенцијалниот одговор ќе го објави во следните 24 до 48 часа.

Руската армија во исто време соопшти дека не открила хемиски напад во Дума во која загинаа десетици луѓе. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека лекари на руската армија ги испитувале пациентите во болница во Дума и дека не откриле симптоми на труење со хемиско оружје.

Дума е последниот град во областа Источна Гута, кој е под контрола на бунтовниците, а сириската војска во петокот започна жестоки напади, во кои загинаа десетици луѓе.

Сириската бунтовничка група Џаиш ал Ислам ги обвини во саботата владините сили дека фрлиле буре-бомба со отровни хемикалии врз цивили во Дума и оти затрѕле повеќе од 500 луѓе.


извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бенжамин ГривоСиријаФранцуска влада
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ