• Latest

Кондев: Шарената револуција е прототип на граѓански отпор!

April 10, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кондев: Шарената револуција е прототип на граѓански отпор!

April 10, 2018 13:13
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Учесници во ‘Шарената револуција’ ќе се потпишуваат на големо платно, и така ќе направиме колективна авторизација на настаните“, вели Александар Кондев, автор на изложбата на фотографии за петте години протести во Македонија, во интервјуто со Катерина Блажевска од Дојче Веле, од кое пренесуваме делови.

Уметникот Александар Кондев (1950) деновиве ги завршува последните подготовки за мултимедијалната изложба и хепенинг, со кои во четврток, на 12-ти април ќе се одбележи почетокот на „Шарената револуција“, но и сите протести кои ѝ претходеа.

Кондев кој е фотограф, уметник и некогашен предавач по фотографија на Факултетот за ликовни уметности, од 2011 до 2017 година беше хроничар на будењето на граѓанскиот отпор. Низ неговиот фотоапарат е документирана повеќе од една драматична петолетка одбележана со бројни протести – за  Мартин Нешкоски и за Тамара Димовска, студентските и средношколски протести, протести на хонорарците, на новинарите, протести против барокното потсмевање со Скопје, за на крајот, сите тие да се слеат и кулминираат во „Шарената револуција“. Изложбата ќе биде поставена во „Паркот на жената борец“, во близина на „облечениот Прометеј“, каде на повеќе платна со фотографии ќе бидат прикажани вистинските Прометеи, кои го понесоа пламенот на промените и слободата.

О Ако една фотографија заменува 1.000 зборови, вие успеавте да врамите милиони и милиони зборови, и да ги зачувате како трага за луѓето и времето во кое протестите станаа начин на живот. Кој беше првиот настан што ве испровоцира и лично, и професионално?

– Сите оние балкански премрежија од распадот на СФРЈ, заклучно со онаа фингирана војна од 2001 година, македонските граѓани ги издржаа  стоички. Појавата на Груевски со неговата програма беше нешто ново, дури и поздравено на почетокот. Но, неговата тоталитарна свест, патолошката омраза кон сè претходно, потребата од цврста рака, узурпацијата во сите домени во општеството, кулминира и со насилната промена на идентитетот. Нивните пароли, нивната идеологија и делување, арогантноста и неукоста која ја покажаа, зaврши со видлив грабеж на државата и со бегство на неколку стотини илјади млади луѓе во странство.

Целта да се покаже сила, стравот како главен аргумент и насилство врз неистомислениците – беа инструментите на тој режим. Средната класа економски ја уништија комплетно, меѓуетничките односи се држеа во контролиран конфликт, потенцијалните центри на отпор како Универзитетот и школството беа систематски угушувани со новите закони кои се донесуваа. И тоа кулминираше во 2011 година, кога, на прославата на изборната победа, обезбедувањето на Груевски го уби младиот Мартин Нешкоски и се трудеше да го сокрие ова убиство  од јавноста. Тоа ја прелеа чашата. Младите станаа да бараат одговорност, но средната класа молчеше и опортунистички се однесуваше… Јас сум пензионер. Највредно во нашите семејства се децата. Тие, заедно со своите колеги, излегоа на улица. Јас отидов со нив, пред сè заради нив, моето искуство да им биде од корист доколку има провокатори или некои други инциденти. А каде сум јас, таму е и мојата камера. И така започна сè…

 

О Како вашето „око“ ја виде „Шарената револуција“? Кои се протагонистите што ѝ го дадоа клучниот наратив – како профил, како возрасна структура, како двигатели на идеја, како експресија уловена од вашиот објектив?

– Да се вратиме на почетокот. Првите неколку влади го потрошија интелектуалниот капацитет на Македонија. Во таа битка за опстанок брзо гореа генерации и генерации. На крајот дојдоа млади луѓе излезени од студентска клупа да стануваат министри и премиери. Со доаѓањето на Груевски на власт, тоа се повтори, но добар дел од средната класа полека изгуби надеж дека во Македонија постои демократски капацитет за политички натпревар и нови идеи.

Затоа младите не беа поддржани на почетокот. Но, како започнуваа протестите да се шират, а Владата на Груевски сè повеќе беше збунета, тој отпор полека се ширеше и добиваше се поголема програмска рамка. Се разбуди граѓанскиот отпор, а кулминацијата беше со #протестирам #protestoj, кога излегоа сите грѓани на улица, без разлика на етничка и каква било друга припадност… Тука, ‘Шарената’ стана финале, со својот шарм и младешка сила, и им даде чист простор на политичките партии програмски, преку избори да се симне оваа власт. Ненасилноста, политичката и етничката поливалентност, упорноста и храброста ќе ја внесе ‘Шарената’ во сите историски учебници кај нас, и ќе биде прототип на граѓански отпор во држави со слични проблеми.

О Дел од тие фотографии задутре на големи платна ќе се најдат на местата на кои некогаш беа главните коти на протестите, меѓудругото и на заштитните огради зад кои некогаш стоеја огромни кордони на полицијата… Кои други објекти ќе бидат опфатени со утрешниот перформанс?

– Факт е дека полека се заборава ‘Шарената револуција’, а политичарите некако дискретно си ги присвојуваат големите демократски придобивки што произлегоа од неа. Изложба на оваа тема многу лесно може да се профилира како академска ‘изложба’ во некоја галерија. Меѓутоа, во разговорите во мојата средина полека се искристализира идејата тоа да биде еден „хепенинг“ на моите фотографии и на учесниците, и тоа на местото каде се одвиваше – пред Собранието.

Во „Паркот на жената борец“ е инсталирана една еклектична композиција на скулптури: фонтана на Прометеј облечениот, со нафрлани споменици како оној на АСНОМ или основачите на ВМРО. Е тука, ќе ја инсталираме изложбата, како контрапункт на лажниот симболизам на „Скопје 2014“, па ќе имаме и вистински факели, и вистински борци, и ќе докажеме дека не забораваме кој и за што се борел. Ќе има и големо платно каде учесниците ќе се потпишат и со тоа ќе направиме колективна авторизација на настаните. Потоа целата изложба ќе биде подарена на Градскиот музеј, како траен факт за едно време и едни луѓе.

О Претпоставувам дека не бевте во првите редови погодни за производство на дневно-информативна фотографија. Колку длабоко бевте стациониран внатре меѓу луѓето, во тој заднински дел од колоните, во кои е потешко да се фотографира, но се откриваат чудесни повеќеслојни приказни?

– Јас бев внатре меѓу луѓето, додека моите колеги репортери беа напред, на фронтот, и тие добро си ја завршија работата. Зошто внатре? Едноставно, за да го прикажам милјето на настанот, да се види дека тоа се луѓе од секојдневието, луѓе на кои им дошло сè преку нос, па конечно, собраа храброст да ѝ речат НЕ на диктатурата. Работев дискретно и анонимно, така што еден дел од луѓето кои ме гледаа секој ден со скапата техника во рацете, мислеа дека работам за органите на безбедноста, ми бараа акредитиви, ме запираа, провоцираа… Но, и тоа е дел од ова работење.

Моите фотографии секојдневно беа пласирани на Интернет, а добра фотографија брзо се шири. Сега, дојде време тоа да се резимира… Најдов поддршка кај луѓето од градското Собрание, Министерството за култура, Музејот на град Скопје… Но, ова тешко ќе го реализирав до крај, ако зад мене не застанаа од „Цивил“, кои со нивната организациска шема ми помогнаа да го изведам замисленото.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Скопје 2014“изложбаКондевМартин НешковскиПарк жена борецПрометејПротестиТамара Димовскашарена револуција
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result