• Latest

13 април низ вековите

April 13, 2018

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

13 април низ вековите

April 13, 2018 07:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1519.- Родена е француската кралица со италијанско потекло Катарина де Медичи, ќерка на господарот на Фиренца, Лоренцо Втори Медичи. Таа по смртта на нејзиниот сопруг Анри Втори од 1560 година владеела со Франција. Со поддршка на папата Гргур Тринаесетти во 1572 година го организирала уништувањето на хугенотите, настан познато како Вартоломејска ноќ.

1605.- Умрел рускиот цар Борис Фјодорович Годунов, кој го презел престолот во 1598 година, по смртта на Фјодор Први.

1695.- Во Париз умрел Жан де Лафонтен, француски поет и баснописец. Напишал 240 басни. Негови познати дела се песните „Адонис“, „Филемон и Баукида“, романот „Љубов на Психата и Купидон“ и други. Роден бил во Шато Тиери, на 8 јули 1621 година.

1743.- Роден е американскиот државник Томас Џеферсон, основач на Демократската партија, претседател на САД од 1801 до 1809 година. Бил гувернер на Вирџинија од 1779 до 1781 година и секретар на првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон од 1790 до 1793 година. Ги искористи финансиските проблеми на францускиот цар Наполеон Први во 1803 година за да ја купи од него Луизијана.

1848.- Сицилија прогласила независност од Неаполското кралство.

1885.- Во Будимпешта е роден Ѓерѓ Лукач, најголем унгарски филозоф, естетичар, политичар, еден од најзначајните марксистички филозофи на 20 век. Умрел во Будимпешта, на 4 јуни 1971 година.

1898.- Француската академија на науките објави дека Марија Склодовска – Кири, хемичар и физичар од полско потекло открила нов елемент кој го добил името радиум.

1906.- Во Стар Дојран е роден Антон Панов, македонски драмски писател. Неговата литературна дејност е од извонредно значење за македонската литература. Инспириран од тешкиот живот на македонските печалбари, Панов на македонски јазик ја напишал драмата „Печалбари, која првпат била изведена во Скопје на 3 март 1936 година. Тој напиша и повеќе прозни и сценски текстови. Умрел во Скопје, на 28 август 1968 година.

1906.- Во Даблин е роден Самјуел Бекет, ирски писател. Познати се неговите романи „Марфи“, трилогијата „Молоа“, драмите „Чекајќи го Годо“ и „Среќни денови. Во 1969 година ја добил Нобеловата награда за литература. Умрел во Париз, на 22 декември 1989 година.

1913.- Во Општинскиот театар во Битола била одржана првата кинопретстава. Прикажана била премиерата на филмот „Градинарот Лаврициус“.

1945.- Трупите на советскиот маршал Фјодор Толбухин во Втората светска војна го скршиле германскиот отпор во Виена. Падот на „втората престолнина“ на Третиот рајх го овозможило опколувањето на германските сили во Берлин, кој паднал три недели подоцна.

1961.- Генералното собрание на Обединетите нации ја осудило политиката на апартхејдот во Јужна Африка.

1963.- Роден е рускиот велемајстор од еврејско потекло Хари Вајнштајн, познат како Гари Каспаров, кој во 1985  година, на 23-годишна возраст станал светски првак, најмлад во историјата на шахот.

1964.- Американскиот актер од афроамериканско потекло Сидни Поатје го добил Оскарот за главната улога во филмот „Полско цвеќе“, како прв црнец кој ја освоил оваа награда.

1967.- Во Скопје е родена Валентина Божиновска, македонска актерка и политичарка. Доктор по филолошки науки. Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи. Од 1998 до 2002 година била пратеник во Собранието на Македонија, од 2005 до 2006 советник во град Скопје, од 2006 до 2008 пратеник во Собранието на Република Македонија. Била претседател на Пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Царството Јапонија, член на Националниот совет за евроинтеграции, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на Комисијата за европски прашања, на Делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација како и на други значајни парламентарни тела и комисии.

1990.- Во неуспешниот обид да го спречи отцепувањето на Литванија, претседателот на Советскиот Сојуз Михаил Горбачов и се заканил на балтичката република со економско ембарго доколку за два дена не ја повлече декларацијата за независност.

2012.- Во Скопје, во 77-та година од животот умрел истакнатиот македонски писател и академик Ташко Георгиевски. Тој долги години работел како уредник во МРТВ и во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга“. Член на ДПМ бил од 1957 година, а бил и член на Македонскиот ПЕН центар и на МАНУ. Ташко Георгиевски зад себе оставил богат и значаен прозен опус. Автор е на романите: „Луѓе и волци“, „Ѕидови“, „Црно семе“, „Змиски ветар“, „Црвениот коњ“, „Време на молчење“, „Рамна земја“, „Исчезнување“, како и на збирките раскази: „Ние зад насипот“, „Суви ветрови“, „Куќа под калето“ и други. Автор е и на автобиографските записи „Плочата на животот“ и „Творечката лабораторија на писателот“. Романите „Црно семе“ и „Црвениот коњ“ се филмувани и се меѓу најпопуларните македонски филмови. Неговите книжевни дела се преведени на повеќе јазици во светот. Добитник бил на наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Рациново признание“ и други. Георгиевски бил роден во 1935 година во село Кронцелево, Воденско, Егејска Македонија.


Извор: МИА

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 13 априлвремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ