• Latest

Аљими препозна двајца напаѓачи, тврди дека му помагал на Села

April 16, 2018
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Аљими препозна двајца напаѓачи, тврди дека му помагал на Села

April 16, 2018 12:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сведокот Абдулфетах Аљими на денешното рочиште препозна двајца од обвинетите за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на Македонија на 27 април минатата година. 

Аљими кој беше донесен во судница од притвор како сведок на обвинителството, ги идентификува Александар Јаневски – Тошта и Кире Георгиевски.

Аљими кој бил дел од обезбедувањето на Собранието на 27 април кажа дека дошол во собраниската прес-сала откако влегла толпата. Забележал напад врз затекнатите пратеници.

– Заев веќе имаше крв и толпата фрлаше со столици и секакви предмети, беше хаос. Се бараше шиптарска крв, овие зборови доаѓаа од толпата. Колку што можевме ги браневме со колегите пратениците и новинарите. Толпата беше толку насилна што нашиот живот беше загрозен во секој момент, рече Аљими.

Не видел некој како лично го удира Села, но видел како фрлаат со столици. Посочи дека имало и човек што стоел до Села и играл топло ладно, односно ги смирувал  луѓето од толпата, а со лицето бил свртен кон Села и пратениците. Кажа дека тоа лице е во судницата и судот констатира дека тоа е Александар Јаневски.

Сведокот препозна уште едно лице кое било во прес центарот и немало маска – обвинетиот Кире Георгиевски.

Кажа дека пред да го изнесат од прес-салата го видел  Села како стои покрај вратата. Следен пат кога го видел Села, тој веќе бил цел во крв  и лежел во клубот на пратеници. Мислел дека е мртов. Имало многу луѓе  и еден со бела маица го удрил со клоца Села по левата страна и рекол „оставете овој е мртов“. Кажа дека не се сеќава на лицето и дека му се чини дека тоа лице имало маица на главата. Потоа зедно уште две лица го однеле Села во бифето, му дале прва помош и чекале да дојде доктор. Низ прозорецот во бифето го изнеле Села, кој едвај одел и не бил при свест и само го прашал каде го води на македонски, а тој му вратил дека е во сигурни раце. Го пренеле Села во една канцеларија на третиот кат и повикале лекар. По добиената прва помош, Села бил пренесен во собранискиот подрум, го маскирале во полицаец и со блиндирано возило од полиција го однеле во болница.

Пред судот денеска искази треба да дадат и сведоците Мухамед Зекири и Игор Јанакиев.

На претходното рочиште, што траеше шест часа, беа сослушани тројца претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски.

Во овој случај обвинети се Кире и Цео Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни и оти тоа ќе го докажат во натамошната постапка.


Извор: МИА

Tags: Зијадин СелаМухамед ЗекириобвинениепритворСобрание на Република МакедонијаТалат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ